Како изгледаат денес најголемите холивудски заводници од 1980-тите?
- Детали
- сабота, 22 јуни 2024
Ричард Гир, Метју Бродерик – како изгледаат и што прават денес актерите кои важеа за најголеми заводници во 1980-тите?
За многумина, 1980-тите се најдобрата деценија во Холивуд.
Овој период беа издадени повеќето филмови кои денес се сметаат за култни, а актерите од тие филмови изградија успешни кариери кои траат до денес.
Па, каде се и што прават актерите кои важеа за најголемите холивудски заводници во овој период?
Роб Лоу
Актерот ја добил првата улога на 12 години, а веќе во раните 1980-ти стана огромна ѕвезда во САД.
Тој уште е активен, имаше голема улога во серијата Parks and Recreation, а многу е вклучен и во добротворна работа.
Кевин Бејкон
Актерот ја почна кариерата во 1978 година и оттогаш се има појавено во бројни филови и серии.
Тој има и ѕвезда на популарниот Булевар на славните во Лос Анџелес, а приватно, над 35 години е во брак со колешка.
Актерот има и музички бенд, но главен фокус сè уште му е актерството.
Мајкл Џ. Фокс
Стана светска ѕвезда со улогата во Back to the Future, а шармот и талентот го направија Мајкл еден од најпознатите актери во 1980-тите и 1990-тите.
На врвот на кариерата, актерот беше дијагностициран со Паркинсонова болест, но ова не го одврати од желбата да глуми.
Се појави уште во многу филмови и серии, а истовремено отвори фондација за истражувања на неговата болест.
Актерот веќе не глуми, но уште се фокусира својата фондација.
Метју Бродерик
Актерот стана светска ѕвезда со улогата во Ferris Bueller's Day Off, а го позајмуваше и гласот на Симба во The Lion King.
Беше дел од неколку претстави на Бродвеј, а има освоено и неколку филмски награди.
Во брак е со Сара Џесика Паркер и уште е активен во филмската индустрија.