По смртта на сопругата, немал ниту една врска: Трагичниот живот на Лиам Нисон
- Детали
- понеделник, 15 април 2024
Негова пријателка била силувана, се откажал од сонот да стане боксер поради потрес на мозокот и тој самиот одлучил дека е подобро неговата сопруга да умре, отколку да живее во вегетативна состојба. Тажни детали од животот на познатиот актер.
Во својата долгогодишна кариера, Лиам Нисон многупати докажал дека е еден од најдобрите холивудски актери.
Можеби најмногу „му лежат“ улоги во трилери и акциони филмови, но исто добро се снаоѓа и со романтични комедии, како Love Actually, и посериозни улоги, како онаа во Schindler’s List која го направи светски познат.
И покрај огромната популарност, ирскиот актер настојува да се држи настрана од јавноста и не зборува многу за својот приватен живот.
А, една од причините за тоа се бројните трагедии што ги искусил низ годините:
Негова пријателка била силувана
Во интервју од 2019 година, актерот откри дека кога живеел во Ирска, негова пријателка била силувана.
Актерот изјави дека по овој настан, сакал да се одмазди. И тоа, не му било важно дали ќе го повреди силувачот, туку бил подготвен да нападне и маж кој само личи на него.
Цели две недели, тој навечер шетал низ улиците со надеж дека ќе налета на некој што ќе може да го нападне, па дури и да го убие.
Сепак, актерот сфатил дека тоа што ќе нападне невина личност нема да ја отстрани траумата што ја преживеала неговата пријателка.
Сакал да биде боксер, но доживеал потрес на мозокот
Актерот почнал да боксира на деветгодишна возраст и бил мошне добар - одел и на натпревари во родната Ирска.
Самиот има откриено дека Мухамед Али му бил идол и бил сигурен дека ќе стане познат како него.
Но, за време на натпревар добил потрес на мозокот и сфатил дека овој спорт му штети.
Па, одлучил да се фокусира на актерството.
Често бил сведок на домашно насилство
Додека во домот на актерот владеела хармонија, семејното насилство било секојдневие кај соседите кои живееле веднаш до него.
„Додека растев, имавме сосетка – живееше веднаш до нас – и се сеќавам дека секој викенд нејзиниот пијан сопруг ја тепаше“, има изјавено актерот во интервју.
Тој истакнува и дека се чувствувал целосно беспомошно бидејќи бил само дете и не можел да преземе ништо.