По смртта на сопругата, немал ниту една врска: Трагичниот живот на Лиам Нисон
Неговата сопруга почина
Лиам Нисон и неговата почината сопруга – Наташа Ричардсон – се запознале додека таа била во брак со друг маж. Но, бидејќи се вљубиле еден во друг, таа се развела и во 1994 година се венчаа.
За жал, нивниот хармоничен брак заврши во 2009 година, со трагедија. Додека биле на скијање, Наташа паднала и си ја удрила главата.
Неколку часа била сосема во ред, но потоа почнала да се жали на болки во главата и отишла во болница.
Таму откриле дека од ударот, во нејзиниот мозок почнала да се насобира крв, поради што изгубила свест и била во вегетативна состојба.
Па, актерот требало да донесе одлука – дали да ја остави сопругата да живее така, или да се согласи да ја тргнат од машините.
Актерот има зборувано за оваа тешка одлука:
„Ѝ реков ’Мила, нема да закрепнеш од ова. Си ја удри главата. Не знам дали можеш да ме слушнеш, но тоа е…‘
Јас и Наташа направивме договор, ако кој било од нас е во вегетативна состојба, другиот да се согласи да ги исклучат машините“.
Актерот додаде дека сакал да ѝ овозможи на сопругата да умре достоинствено, наместо да живее празен живот.
Лиам се чини никогаш не ја преболе смртта на сопругата – самиот има изјавено дека честопати си разговара со неа, како да е до него, а и оттогаш немал ниту една сериозна врска.
Негов пријател се обиде да изврши самоубиство
Некои фанови на франшизата Star Wars се мошне сурови и користат навистина погрдни зборови кога критикуваат нешто што не им се допаѓа во филмовите и сериите.
Лиам Нисон глуми во Star Wars Episode 1: The Phantom Menace, а во филмот негов пријател, Ахмед Бест го позајмува гласот на вонземјанин.
По излегувањето на филмот, Ахмед Бест се соочи со ужасни критики за неговиот лик, па дури и закани по живот.
Ова била прва улога за тогаш 25-годишниот актер, па тешко се справил со критиките и заканите.
Поради ова, тој посегнал по неговиот живот, но за среќа преживеал.
По овој инцидент, Лиам Нисон „крена раце“ од франшизата, изјавувајќи дека фановите се како дел од злобен култ.
Имаше проблеми со зависности
Во 2000 година, актерот доживеа сообраќајка при што си ја скрши карлицата. За болките, лекарите му препишале морфиум, а Лиам вели дека станал зависен од лекот:
„Ме однесоа во болница и ми дадоа морфиум. Знаев дека се навлеков бидејќи ги броев секундите додека да ми дадат пак“.
Но, успеал да ја спречи зависноста да се развие.
По смртта на сопругата, пак, актерот почнал да пие. Самиот има изјавено дека пиел по неколку литри пиво на ден, пробувајќи да се справи со тагата.
Но, по некое време успеал да се ослободи од навиката.
Спирова С. | Црнобело