Деми Мур (61) е бикини божица додека ја чува внуката на плажа – мами воздишки и покрај набраната кожа на стомакот
- Детали
- понеделник, 22 јули 2024
На почетокот на седмата деценија, Деми Мур веќе е мајка на 3 возрасни ќерки и баба на 15-месечно девојче. Таа гордо позира во минијатурни бикини додека се грижи за внуката, а никому не му се верува како може да изгледа толку добро на таа возраст.
Холивудската актерка Деми Мур (61) деновиве го прослави 33-иот роденден на ќерка ѝ Скаут Вилис, а по тој повод семејството имало излет покрај река.
Нејзината најстара ќерка Румер објави серија фотографии на Инстаграм, на кои се гледа дека Деми ужива во улогата на баба, па ја држи за рачиња 15-месечна внука Луета, додека таа сѐ уште се учи да оди.
Актерката уште еднаш покажа дека не се опседнува со предрасуди, додека позира во минијатурен бел костим за капење, иако ако се погледне одблиску и таа се соочува со набрана кожа на стомакот, што е сосема нормално со оглед на годините и поднаведнатата поза.
Оваа фотка е можност за нејзините фанови да видат дека Деми сепак не е целосно совршена како што изгледа на некои од претходните објави на Инстаграм и социјалните мрежи, но сепак, таа доби голем број позитивни коментари и пофалби.
„Дали некој од вас има баба што изгледа како Деми Мур? Не ми се верува“;
„Деми Мур изгледа совршено за нејзините години“ – стои во дел од коментарите, иако нејзината фотка е скриена во серијата објави на Румер Вилис.
Погледнете повеќе фотки од Деми во бикини од последните неколку години и уверете се сами зошто таа важи за бикини божица:
Б. С. Б. | Црнобело