Ивана Николиќ од Hurricane ја обвини израелската претставничка на Евровизија: „Ми го ископира стајлингот“
- Детали
- среда, 10 мај 2023
„Повторно сум на Евровизија“ – напиша поранешната членка на триото „Hurricane“ на објава со која докажа дека евровизиската претставничка на Израел ѝ го копира стајлингот.
Претставничката на Израел на Евровизија 2023, Ноа Кирел, синоќа (09.05) настапи во рамки на првата полуфинална вечер и со својата енергична изведба на песната „Unicorn“ го привлече вниманието на публиката.
По настапот во Ливерпул, Ноа ѝ обезбеди пласман на нејзината земја во финалето што ќе се одржи во сабота (13.05), а таа беше воодушевена од резултатите што ги постигна.
„Не постои поголема возбуда од оваа! Се чувствувам како секој од вас да беше со мене. Ветувам дека ќе направам сѐ - и мислам сѐ - за луѓето на Израел да бидат среќни за време на големото финале“ – порача таа по настапот.
Ноа (22) издоминира и на тиркизниот тепих на отворањето нa Евровизија кога се појави во разголена, сребрена креација, со која ја истакна сопствената убавина и добрата форма.
Но, кога станува збор за стајлингот на Ноа, една од поранешните учеснички на Евровизија, Ивана Николиќ, на социјалните мрежи јавно ја обвини Израелката дека ја копира.
Поранешната членка на триото „Hurricane“, кои настапија на Евровизија во 2021-ва година, Ивана Николиќ на Инстаграм Стори објави фото-докази што покажуваат дека Ноа ѝ го копира стајлингот.
„Ивана Николиќ и годинава е на Евровизија. Не, се извинувам (тоа е Ноа Кирел)“ – напиша таа на објавата.
Погледнете го настапот на израелската претставничка во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело