Џорџина го засени Кристијано Роналдо во бел фустан од тантела и дијаманти
- Детали
- вторник, 23 јануари 2024
Откако долго време беше критикувана за својот стил, Џорџина Родригез конечно со моден погодок и доби бројни комплименти од следбениците на Инстаграм.
Џорџина Родригез облече краток бел фустан од тантела и го засени Кристијано Роналдо на доделувањето на наградите Globe Soccer што се одржаа во Дубаи.
Таа својот изглед го дополни со скап дијамантски накит, а фотките ги сподели на Инстаграм.
„Го придружувам најдобриот, љубовта на мојот живот“, напиша таа.
Џорџина, последниов период често беше критикувана за својот моден избор, но овој пат доби многу пофалби за изгледот.
„Изгледаш брутално“,
„Го одземаш здивот“,
„Презгодна си“, се дел од комплиментите што ги доби таа.
Претходно, нејзините следбеници ѝ коментираа дека мора да си најми стилист, бидејќи изгледа „смешно“ и „неубаво“.
„Девојката може да излезе од село, ама селото од девојката никогаш“,
„Не ми се допаѓа облеката, те молам најди си личен стилист“,
„Девојка од соништата, а стилот нула“, ѝ пишуваа во коментари.
Многумина велат и дека таа почнала да става филери и да ги полни усните, па веќе не изгледа природно.
„Што им направи на усните?“,
„Полна си со ботокс“,
„Зар и ти мораше да го направиш тоа?“, ја критикуваа.
А. Ј. | Црнобело