Израелската претставничка е убавицата која издоминира со аутфитот на тиркизниот тепих за Евровизија 2023
- Детали
- понеделник, 08 мај 2023
Убавата Ноа Кирел издоминира на тиркизниот тепих на отворањето на Евровизија. Ги следите ли предевровизиските настани? Ви недостига ли што Македонија годинава нема свој претставник?
Во Ливерпул, Англија, вчера (07.05) се одржа свеченото отворање на Евровизија 2023, а претставниците на сите 37 земји учеснички прошетаа на тиркизниот тепих.
Меѓу оние кои оставија најсилен впечаток со стајлингот е Ноа Кирел, претставничката на Израел, која блесна во разголена, сребрена креација со која ја истакна својата убавина и фит тело.
22-годишната Ноа е позната пејачка и актерка во Израел, како и судија во нивни познати шоуа за музички таленти.
Првата песна ја објавила на 14 години, а веќе на 18 години потпишала договор со позната музичка продукција.
Во 2022 година во Тел Авив, Израел, имала спектакуларен концерт, а месеци и месеци пред Евровизија, јавноста била едногласна таа да биде претставничка на Израел.