Хрватите во фустани, на Португалката нешто ѝ влезе во око, Французинката доби мече како Мистер Бин – Детали од отворањето на Евровизија 2023
- Детали
- недела, 07 мај 2023
Под мотото „Обединети со музиката“ денес во Ливерпул се одржа свеченото отворање на Евровизија 2023, а претставниците на сите 37 земји учеснички прошетаа на тиркизниот тепих.
Годинешното отворање на Евровизија 2023 во Ливерпул почна со парадата на тиркизниот тепих.
Дотерани, насмеани и подготвени за забава, претставниците на земјите учеснички со водителите разговараа за Евровизија и ги споделија своите впечатоци од градот домаќин.
фото: YouTube
Пејачите и нивните тимови потоа се забавуваа додека се фотографираа со фановите, разговараа со новинарите, позираа пред фоторепортерите.
А на крајот отидоа на големата евровизиска журка, која го означи почетокот на евровизиската недела.
На тиркизниот тепих и овојпат имаше сè.
фото: YouTube
Претставничката на Франција, Ла Зара, е голем обожавател на Мистер Бин, па водителите ѝ подарија мече исто како она што го има познатиот телевизиски лик.
Taa се изненади, а потоа јавно го покани актерот Роуан Аткинсон да дојде на 13 мај и да ја гледа додека пее во живо.
фото: YouTube
Лук Блек од Србија на тиркизниот тепих призна дека обожава да се шегува и да кажува глупави вицови, но дека тоа го прави секогаш кога е нервозен.
„Не се шегувам бидејќи сум забавен, туку нервозен и исплашен“, рече Лук.
фото: YouTube
Хрватските претставници „Лет 3“ на тиркизниот тепих дојдоа нашминкани, во фустани со боите на хрватското знаме, голи нозе и во високи потпетици.
Водителот се пошегува дека тој е роден во 1986 година, а и тие како бенд постојат од тогаш, па ги праша зошто сакаат да пеат на Евросонг.
„Сфативме дека Евровизија има најголема публика во светот и ова е одлично место да ја пренесеме нашата порака преку музиката“ – му одговорија.
фото: YouTube
Португалката Мимикет пред да се фотографира се пожали дека нешто ѝ влегло во око, па проба да го извади без да ја размачка шминката.
фото: YouTube