Меланија и Иванка Трамп модно усогласени на првото појавување со Трамп во оваа кампања
- Детали
- петок, 19 јули 2024
Иванка во бело, а Меланија во црвено издание… Двете жени кои се бореа за медиумско внимание кога Трамп беше претседател, синоќа ги надминаа разликите и за првпат годинава застанаа до него. Поддржувачите, во знак на солидарност, се појавија со бели фластери на ушите.
Сопругата на Доналд Трамп, Меланија, и неговата ќерка Иванка, синоќа (18.07) се појавија заедно на националната конвенција на Републиканците во Милвоки.
Трамп синоќа ги потпиша документите со кои и официјално влезе во претседателската трка против сегашниот претседател на САД, Џо Бајден, а до него беше целото негово потесно семејство во знак на поддршка.
За разлика од претходната кампања кога Трамп стана претседател, Меланија и Иванка изминатата година се држеа колку што може подалеку од очите на јавноста, и ова им беше прво заедничко појавување во рамки на оваа кампања.
Двете жени за оваа пригода одлучија да се појават модно усогласени, па на конвенцијата избраа црвен и бел аутфит, во согласност со боите на американското знаме.
Нивното појавување уште повеќе привлече внимание, затоа што е познато дека во рамки на минатиот мандат, двете жени не беа во најдобри односи и се бореа за превласт во Белата куќа.
Во книгата American Woman: The Transformation of the Modern First Lady, from Hillary Clinton to Jill Biden, авторката Кејти Роџерс пишува дека двете жени не биле среќни со одлуката на Трамп дека мора да ги делат обврските што ги носи позицијата Прва дама на САД и не им се допаѓало тоа што треба да се борат за вниманието што го добиваат во медиумите.
Исто така, на Меланија не ѝ се допаѓало тоа што Трамп ги вклучил во Белата куќа сите свои деца и им дал дел од одговорностите на претседателското семејство.
Интересно е што на синоќешната конвенција, беа присутни сите ќерки на Трамп и тие слично како и Иванка, на себе носеа бели аутфити.
Од друга страна, поддржувачите на Републиканската партија и на Доналд Трамп, одлучија да ја искажат поддршката за нивниот кандидат за претседател на необичен начин.