Хрватите во фустани, на Португалката нешто ѝ влезе во око, Французинката доби мече како Мистер Бин – Детали од отворањето на Евровизија 2023
Оваа година на Евросонг ќе настапат претставници на 37 земји.
Од нив 15 ќе пеат во првото полуфинале, а 16 ќе се натпреваруваат во второто.
фото: YouTube
По 10 најдобропласирани земји од двете полуфиналиња ќе пеат во финалето, на 13 мај 2023, заедно со претставниците на Украина, кои победија лани, и претставниците од големата петорка – Германија, Италија, Франција, Велика Британија и Шпанија.
Организаторите најавија дека во првото полуфинале, што ќе се одржи на 9 мај (вторник), музичко шоу ќе има Рита Ора, која ќе ги испее своите најголеми хитови.
Свој настап ќе имаат и украинската пејачка Алјоша, која ќе пее во дует со Британката Ребека Фергусон.
фото: YouTube
На второто полуфинале, кое е на 11 мај 2023 (четврток) од 21 часот ќе пеат украински музичари – Марија Јамичек, диџеј Отој и 14-годишната Злата Ѕиунка која ја претставуваше Украина на Јуниор Евровизија.
Македонија оваа година нема свој претставник.
А. Ј. | Црнобело