„Конечно изгледа вистински среќна“ – Коментари за папарацо фотките на Бритни Спирс, која е на одмор без сопругот
- Детали
- недела, 02 април 2023
„Конечно изгледа вистински среќна“, „Ова е старата Бритни, што сите ја сакавме“, „Изгледа среќно и како да ужива во животот“ – велат твитерџиите што ги погледнаа новите папарацо фотки од Бритни Спирс која во моментов е во Порторико без сопругот, Сем Ашгари.
Бритни Спирс деновиве беше забележана како купува кафе во Порторико, а фотките се објавени во дел од светските медиуми.
Пејачката по само неколку месеци брак со Сем Ашгари, пред извесен период одлучи да ја извади бурмата, а деновиве е топ тема во медиумите затоа што одлучи да оди сама на одмор без сопругот.
Дел од светските медиуми пишуваа за наводна криза во бракот меѓу Бритни и Сем, но тој даде изјава и појасни дека морал да ја извади бурмата затоа што работи на филм, а не можел да оди со неа на одмор, бидејќи има поголем број обврски и работни ангажмани.
Бритни на одмор се фотографираше со нејзиниот агент Кејд Хадсон, а папараците ја уловија додека купуваше кафе заедно со нејзиниот телохранител.
NEW photos of Britney Spears spotted ordering Starbucks in Dorado, Puerto Rico!! ✨
— bs (@updatingspears) April 1, 2023
PageSix is trying to make it seem like that guy is a “mystery man” when in reality, it’s her bodyguard 😭💀 pic.twitter.com/65GFnPrLB3
Најновите фотки привлекоа внимание и на социјалните мрежи и дел од твитерџиите коментираат дека Бритни конечно изгледа вистински среќно.
„Конечно изгледа вистински среќна“, „Ова е старата Бритни, што сите ја сакавме“, „Изгледа среќно и како да ужива во животот“ , „Ако одлучила да го изневерува сопругот тоа е нејзино право, таа е возрасна жена“ – велат дел од твитерџиите.
Погледнете ги фотографиите во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело