Дали и какво влијание има „пулсот“ на Земјата од 7,83 Hz врз нашето здравје?

Шумановата резонанција со фреквенција од 7.83 Hz е позната и како „срцебиење на планетата“, а е предизвикана од електричните празнења во атмосферата. Многумина веруваат дека токму оваа фреквенција има влијание врз целиот жив свет на Земјата, а истражување покажало дека го забавува растот на клетките рак. 

dali-i-kakvo-vlijanie-ima-pulsot-na-zemjata-od-7-83-hz-vrz-nasheto-zdravje-01.jpg

Ако медитирате, веројатно досега сте налетале на видеа на Јутјуб со таканаречена Шуманова резонанција со фреквенција од 7.38 Hz.

Многу луѓе се убедени дека оваа фреквенција има позитивно влијание врз физичкото и менталното здравје.

Па, што точно е Шумановата резонанција и колку вистина има во овие верувања?

Најпрво да објасниме што е фреквенција, и што точно ја предизвикува фреквенцијата на нашата планета.

Што е фреквенција?

Во физиката, под фреквенција се подразбира величината која го изразува бројот на повторувања на еден настан во единица време.

Фреквенцијата се мери во херци (Hz), во чест на германскиот физичар Хајнрих Рудолф Херц.

1 херц означува дека определен настан се повторил еднаш во една секунда, 2 херца се два настана во 1 секунда, 3 херца се 3 настана во една секунда…

Фреквенцијата е важна величина која се користи за пресметување и утврдување на промените и другите карактеристики на звучни бранови, радиобранови, светлински бранови и слично.

Сите овие бранови имаат циклуси, а фреквенцијата покажува колку пати се повториле овие циклуси во дадено време.

maxresdefault.jpgФреквенцијата на бран (претставен со крива) од два херца

И чукањето на срцето можете да си го претставите како фреквенција – ако претпоставиме дека тоа чука 120 пати во минута, тоа значи дека неговата фреквенција е 2 Hz, односно чука двапати во една секунда.

Што претставува фреквенцијата на нашата планета?

Во секој момент, на Земјата има околу 2.000 бури со грмотевици. Сите овие бури предизвикуваат околу 50 молњи во секунда.

Секоја молња, пак, создава електромагнетни бранови кои се „заробени“ во атмосферата, па почнуваат да се движат околу Земјата.

Некои од овие бранови се комбинираат, а со тоа им се зголемува силата, па создаваат таканаречено атмосферско срцебиење, односно резонанции со неколку фреквенции. Овие фреквенции се познати како Шуманови резонанции.

645645main_SchumannAnim_full.jpg

Зошто се важни Шумановите резонанции?

Земјата има послаба фреквенција со вредности од 14 до 33 Hz, но главната, или основната фреквенција има вредност од 7,83 Hz. А, токму за оваа основна фреквенција се верува дека има влијание дури и врз нас, луѓето. Сите овие фреквенции се нарекуваат Шуманови резонанции. 

За научниците, овие фреквенции можат да служат како алатка за анализирање на времето на планетата, па дури и за да утврдат какви атоми и молекули има во земјината атмосфера.

Винфред Ото Шуман е физичарот кој ја предвидел оваа појава, па оттаму и нејзиното име.

Откако првпат биле измерени во раните 1960-ти, научниците откриле дека преку овие фреквенции можат да ги забележат промените во годишните времиња, соларната активност, активноста во магнетното поле на Земјата и бројни други феномени.

Schumann-Resonance-7.83Hz-diagram-copy.jpg

Но, како е поврзана фреквенцијата од 7,83 Hz со нас?

Многу луѓе веруваат дека оваа фреквенција има позитивно влијание врз здравјето на луѓето, и менталното, и физичкото.

Всушност, постојат и бројни медитации со музика со оваа фреквенција за која се верува дека го поттикнува физичкото здравје, но и дека ги намалува симптомите на депресија и анксиозност. 

Направени се малку истражувања на оваа тема, но некои донекаде потврдуваат дека оваа фреквенција им годи на луѓето.

На пример, истражување од 2005 година имало за цел да провери дали оваа фреквенција има влијание врз крвниот притисок, пулсот и депресијата.

image (9).jpg

Во истражувањето учествувале 56 возрасни лица на кои постојано им го мереле крвниот притисок. Тие пополнувале и прашалник за нивната ментална состојба.

Некои денови од истражувањето испитаниците биле почесто изложени на звуци со фреквенција од 7,83 Hz, а други поретко, и научниците правеле споредби.

Резултатите покажале дека кај повеќето испитаници, здравствената состојба била подобра во деновите кога биле изложени на фреквенцијата од 7.38 Hz.

Друго истражување од 2019 година имало за цел да открие дали оваа фреквенција има влијание врз клетките на одреден вид рак.

Научниците дошле до заклучок дека фреквенцијата од 7,83 Hz може да го забави растењето на клетките рак што ги испитувале. 

Всушност, и физичарот Шуман, бил заинтересиран за влијанието на оваа фреквенција врз живиот свет. Наводно, тој открил дека оваа фреквенција има некакво влијание врз клетките на габите, но и врз бактериите.

Исто така, некои мозочни бранови ја имаат оваа фреквенција.

030618_LS_brain-wave_feat.jpg

Дефинитивно потребни се уште многу истражувања за целосно да се потврди влијанието на оваа фреквенција врз нас.

Но, нема да изгубите ништо ако пробате кратка медитација на оваа фреквенција. Ако ништо друго, на крај сигурно ќе се чувствувате поопуштено.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg