Најчистата и најдалечната фотографија од универзумот досега – телескопот Џејмс Веб погледна 4,6 милијарди години во минатото (фото)

НАСА ја сподели најчистата и најдалечната фотографија од универзумот досега, направена со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб. На фотографијата можеме да видиме стотици галаксии кои се оддалечени 4,6 милијарди светлосни години од телескопот.

najchistata-i-najdalechnata-fotografija-od-univerzumot-dosega-teleskopot-dzhejms-veb-pogledna-4-6-milijardi-godini-vo-minatoto-foto-01.jpg

По лансирањето на крајот од минатата година, јавноста со нетрпение ги чекаше првите фотографии од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

Досега од НАСА споделија неколку тест-фотографии од релативно поблиски ѕвезди со кои ги проверуваа инструментите на телескопот.

najchistata-i-najdalechnata-fotografija-od-univerzumot-dosega-teleskopot-dzhejms-veb-pogledna-4-6-milijardi-godini-vo-minatoto-foto-05.jpgедна од првите тест-фотографии

Но вчера, 11 јули, конечно објавија фотографија што ја покажува вистинската моќ на Џејмс Веб.

На фотографијата се гледа кластерот галаксии познат како SMACS 0723 кој се наоѓа на неверојатни 4,6 милијарди светлосни години од телескопот.

Ова значи дека светлината од кластерот патувала 4,6 милијарди години за да стигне до него.

„Фотографијата покажува како изгледал кластерот пред 4,6 милијарди години. Камерите на Веб ни помогнаа да ги фокусираме овие далечни галаксии – тие имаат мала, бледа структура, која е досега невидена.

Истражувачите наскоро ќе почнат да дознаваат повеќе информации за масата на галаксиите, нивната старост, нивното минато и нивната композиција, како што Џејмс Веб ќе продолжи да ги бара најпрвите галаксии во универзумот“, стои во официјалното соопштение на НАСА.

najchistata-i-najdalechnata-fotografija-od-univerzumot-dosega-teleskopot-dzhejms-veb-pogledna-4-6-milijardi-godini-vo-minatoto-foto-02.jpgКластерот SMACS 0723

Наскоро од Агенцијата ќе споделат и нови фотографии од телескопот.

Според пресметките на астрономите, универзумот настанал пред околу 13,7 милијарди години, а Џејмс Веб ќе може да го види мигот кога почнале да се формираат првите ѕвезди и галаксии.

najchistata-i-najdalechnata-fotografija-od-univerzumot-dosega-teleskopot-dzhejms-veb-pogledna-4-6-milijardi-godini-vo-minatoto-foto-03.jpg

Инженерите и научниците што работат на проектот се надеваат дека ќе можат да видат како изгледал универзумот околу 100 милиони по Големата експлозија (Биг Бенг), односно по неговото настанување.

najchistata-i-najdalechnata-fotografija-od-univerzumot-dosega-teleskopot-dzhejms-veb-pogledna-4-6-milijardi-godini-vo-minatoto-foto-04.jpg

Од НАСА споделија дека главните цели на телескопот се да ги види првите галаксии и светлечки објекти кои се формирале по Големата експлозија, да открие како еволуирале галаксиите и како се формираат, да го набљудува формирањето на ѕвездите и првите планетарни системи, па дури и да помогне во мерењето на физичките и хемиските својства на планетарните системи, а со тоа да го истражува потенцијалот за живот во тие системи.

Прочитајте повеќе: Телескопот Џејмс Веб ќе може да го види настанокот на првите ѕвезди во универзумот - што знаеме за него?

Спирова С. | Црнобело / фото: NASA

Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg