Телескопот Џејмс Веб ќе може да го види настанокот на првите ѕвезди во универзумот - што знаеме за него?

Наскоро ќе биде лансиран најмоќниот телескоп направен досега кој ќе ни помогне да сфатиме како се создале првите ѕвезди и галаксии, но и да откриеме многу за мистериите на нашиот универзум.

teleskopot-dzhejm-veb-kje-mozhe-da-go-vidi-nastanokot-na-prvite-dzvezdi-vo-univerzumot-shto-znaeme-za-nego01.jpg

Астрономите, како и љубителите на астрономијата, со нетрпение го очекуваат лансирањето на телескопот Џејмс Веб кој има потенцијал засекогаш да ги промени нашите знаења за универзумот.

Овој телескоп ќе може да погледне подалеку од кој било друг, дури и добро познатиот Хабл, а експертите се надеваат дека ќе открие како се формирале првите ѕвезди во универзумот.

Едноставно кажано, телескопот Џејмс Веб ќе може да погледне во минатото и да ни покаже како се родиле првите ѕвезди и галаксии.

Ова е најмоќниот, но и најскапиот телескоп направен досега - мисијата чини 10 милијарди долари. 

Зошто се вика Џејмс Веб?

Телескопот е крстен по Џејмс Веб, вториот администратор на НАСА кој бил на функција од 1961 до 1968 година.

За јавноста, Џејмс е најпознат по мисијата Аполо со која човекот стапна на Месечината, а од НАСА сметаат дека тој е личноста која направила повеќе за Агенцијата и науката од кој било друг на слична позиција.

НАСА обично ги нарекува леталата, мисиите и слично според научници, а не бирократи како Џејмс Веб, па името предизвика контроверзии и постоеше можност да се смени.

Но, поради уделот на Џејмс, сегашниот администратор на НАСА одлучи името да остане.

teleskopot-dzhejm-veb-kje-mozhe-da-go-vidi-nastanokot-na-prvite-dzvezdi-vo-univerzumot-shto-znaeme-za-nego-08.jpg

Колку време се работи на овој проект и зошто чини толку многу?

Инженерите работат на телескопот Џејмс Веб 30-тина години и велат дека ова е проект за којшто не смеат да си дозволат неуспех.

Бидејќи телескопот ќе се наоѓа на огромно растојание од Земјата, поправките нема да бидат возможни, барем не со сегашната технологија, па буквално секое делче од него е тестирано илјадници пати во изминативе три децении.

Поради ова, телескопот достигна цена од неверојатни 10 милијарди долари. 

Џејмс Веб ќе биде многу помоќен од Хабл кој беше лансиран во 1990 година и неговите огледала, кој се најважниот дел, се дупло поголеми.

teleskopot-dzhejm-veb-kje-mozhe-da-go-vidi-nastanokot-na-prvite-dzvezdi-vo-univerzumot-shto-znaeme-za-nego-05.jpg

Огледалото на Џејмс Веб е всушност најголемото огледало што ќе биде испратено во вселената и има дијаметар од 6,5 метри. Направено е од берилиум, а горниот слој од злато.

Огледалото го сочинуваат 18 хексагонални делови кои ќе бидат контролирани со над 100 мотори.

Задачата на големото огледало е да ја детектира светлината од далечно небесно тело. Бидејќи е позлатено, ќе може да детектира и инфрацрвена светлина.

Оваа светлина ќе се фокусира во секундарното огледало кое потоа ќе ја испрати до инструментите кои треба да произведат слика.

teleskopot-dzhejm-veb-kje-mozhe-da-go-vidi-nastanokot-na-prvite-dzvezdi-vo-univerzumot-shto-znaeme-za-nego-03.jpg

Телескопот е соработка помеѓу НАСА и Европската вселенска агенција, а деловите се направени од неколку различни компании.

Каде ќе се наоѓа телескопот и што се очекува да ни покаже?

Сите телескопи на Земјата се соочуваат со исти проблеми – светлината и земјината атмосфера.

Бидејќи атмосферата содржи влага, сигналите што допираат до телескопот можат да бидат замачкани и искривени. Светлината, пак, го намалува интензитетот на ѕвездите и небесните тела што се набљудуваат.

Одлично решение за ова се вселенските телескопи – како Хабл и Џејмс Веб.

Џејмс Веб ќе се наоѓа многу подалеку од Хабл, односно на растојание од 1,5 милиони километри од Земјата. На ова растојание се наоѓа точка (L2) каде што гравитационите сили на Земјата и Сонцето се изедначени. 

Телескопот нема да орибитира околу Земјата, туку околу Сонцето.

teleskopot-dzhejm-veb-kje-mozhe-da-go-vidi-nastanokot-na-prvite-dzvezdi-vo-univerzumot-shto-znaeme-za-nego-09.jpg

Како што напоменавме, телескопот ќе може да детектира и инфрацрвена светлина, поради што ќе може да гледа многу подалеку во вселената.

Светлината што ја емитувале првите ѕвезди и галаксии, кога универзумот бил само неколку стотици милиони години стар, веќе е претворена во инфрацрвена. Телескопот ќе ја детектира токму оваа светлина, што значи ќе ни овозможи да погледнеме во минатото.

teleskopot-dzhejm-veb-kje-mozhe-da-go-vidi-nastanokot-na-prvite-dzvezdi-vo-univerzumot-shto-znaeme-za-nego-04.jpg

„Допрва треба да ја истражиме ерата на универзумот кога почнале да се формираат првите галаксии. Имаме многу да научиме за тоа како црните дупки се нашле во центарот на галаксиите и дали црните дупки ги формирале галаксиите, или обратно.

Не можеме да видиме во облаците прашина во наша близина каде што се раѓаат ѕвезди и планети, но Џејмс Веб ќе го може токму тоа.

Не знаеме колку планетарни системи можат да поддржуваат живот, но Џејмс Веб ќе ни каже дали некои планети како Земјата имаат доволно вода за да формираат океани.

Не знаеме многу за темната материја или темната енергија, но очекуваме да научиме нешто повеќе и очекуваме да научиме за историјата на универзумот. А, сигурно ќе има и изненадувања што не можеме ни да ги замислиме!“ – велат од НАСА.

teleskopot-dzhejm-veb-kje-mozhe-da-go-vidi-nastanokot-na-prvite-dzvezdi-vo-univerzumot-shto-znaeme-za-nego-06.jpg

Кога ќе биде лансирањето и кога ќе ги видиме првите слики?

Лансирањето на телескопот беше одложено неколкупати, а последниот датум беше 21 декември. Сепак, поради лоши временски услови, лансирањето е преместено за 25-ти декември.

Патувањето до дестинацијата ќе трае околу еден месец, а кога телескопот ќе пристигне, почнува можеби најголемиот предизвик.

teleskopot-dzhejm-veb-kje-mozhe-da-go-vidi-nastanokot-na-prvite-dzvezdi-vo-univerzumot-shto-znaeme-za-nego-07.jpg

Џејмс Веб е буквално здиплен, па постои голем ризик нешто да тргне на лошо додека се „отпакува“.

Како ќе изгледа „отпакувањето“ на телескопот во вселената:

Се очекува првите слики од телескопот да пристигнат околу шест месеци по лансирањето.

Прочитајте повеќе: По 30 години, на вселенскиот телескоп Хабл можеби му се ближи крајот – што сè научивме од него?

Спирова С. | Црнобело / Фото: NASA

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg