Водич: Како да препознаете кои облаци носат невреме?
Ова лето ни донесе навистина променливо време што е необично за овој период од годината. Сигурно сте забележале дека временските прогнози се менуваат многу често, па неретко не знаете ни како да се облечете.
Но, понекогаш воопшто нема потреба да ги следите прогнозите – можете самите да предвидите какво ќе биде времето според облаците.
Во продолжение погледнете ги 10-те најчести видови облаци и времето што го најавуваат:
Кумулус
Ако некогаш сте цртале облаци, сега знаете дека најверојатно сте цртале кумулуси. Ова се бели и заоблени облаци кои се рамни и потемни на долниот дел.
Овој вид облак се развива на ведрите и сончеви денови. Може да се појави во доцните утрински часови, а исчезнува со приближувањето на ноќта.
Стратус
Стратусите се појавуваат ниско на небото како рамен и безличен слој сивило. Најчесто изгледаат како магла што го опфаќа хоризонтот.
Стратусите се појавуваат на облачните денови и често се поврзани со лесна магла и послаб дожд.
Стратокумулус
Стратокумулусите се ниски облаци со сива и бела боја и најчесто се „расфрлани“ ширум хоризонтот. Понекогаш со овие облаци паѓа дожд.
Алтокумулус
Ова се најчестите облаци во средната атмосфера. Можете да ги препознаете како бели или сиви дамки кои го шараат небото, или како облаци кои се наредени во редови.
Се развиваат на височина од 3.000 до 4.000 метри, најчесто на топли и влажни утра, особено во текот на летото. Алтокумулусите можат да бидат знак за бура со грмотевици во наредните неколку денови.
Понекогаш тие сигнализираат и заладување.
Нимбостратус
Овие облаци го прекриваат небото со темно сив слој. Можат да се создадат во ниските и средните слоеви од атмосферата и се доволно дебели за целосно да го сокријат сонцето.
Нимбостратусите се облаци со дожд и се појавуваат кога има врнежи од снег или дожд.