Климатските промени – закана за човечката цивилизација, која може да се уништи до 2050-та
Изгледа како секоја недела да излегува нов извештај за тоа како климатските промени предизвикани од човекот ќе ја срушат замрзнатата покривка на светот. Ова ќе резултира со истребување на речиси 1 милион животински видови.
Според извештајот, климатските промени претставуваат егзистенцијална закана за човештвото. Наводно, има добри шанси општеството да се уништи уште во 2050-та година, доколу не преземеме нешто сериозно во следната деценија.
Напишан од климатски истражувач и поранешен извршен директор за фосилни горива, централната теза на извештајот е дека научниците се премногу ограничени во нивните предвидувања за тоа какво ќе биде влијанието на климатската промена во иднина.
Сегашната климатска криза е поголема и покомплексна од која било досега. Генералните климатски модели во 2018-та се употребиле да се предвиди дека зголемувањето на температурата од само 2 степени, може да изложи милиони луѓе на ризик.
Сепак, овие модели не ги зеле предвид многуте поврзани геолошки процеси на Земјата, па не успеале точно да го предвидат размерот на потенцијалните последици. Според авторите, вистината најверојатно е полоша од она што кој било модел може да го „смисли“.
Како завршува светот?
Сега веќе веројатно се прашувате кое е најлошото можно сценарио за крајот на светот. Авторите понудиле навистина мрачна приказна која започнува со „учтиво“ игнорирање на научниците и волјата на јавноста за алтернативни извори на енергија, од страна на властите.
Ова ќе резултира со глобално покачување на температурата од 3˚С до 2050-та година. Дотогаш, мразот би исчезнал, бруталните суши би убиле многу од дрвјата во Амазонската прашума и планетата би имала уште пожешки, уште посмртоносни услови.
„35% од почвата и 55% од населението ќе бидат изложени на смртонсна топлина над 20 денови годишно, повисока од стапката на издржливост на човекот“, претпоставуваат научниците.
Во меѓувреме, суши, поплави и пожари постојано ќе ја пустошат Земјата. Речиси една третина од целото копно на Земјата ќе се претвори во пустина. Целиот екосистем ќе се сруши, започнувајќи со коралните гребени, дождовните шуми и мразот на Арктикот.
Тропските места би биле најсилно погодени од новите климатски екстреми, уништувајќи ја агрокулутрата во регионите и оставајќи над 1 милијарда луѓе без дом.
Поради ова ќе настанат огромни маси на бегалци кои ќе почнат да ги менуваат најголемите нации во светот. Можни се и вооружени пресметки за ресурси, кои можно е да кулминираат и во нуклеарна војна.
Резултатот на сето ова е чист хаос и можеби крајот на човечката цивилизација каква што ни е позната.
Па, како можеме да ја спречиме оваа катастрофална визија за иднината? Само кога луѓето навистина ќе ја прифатат големината на проблемот и ќе почнат да работат веднаш.
Според авторите на извештајот, човечката раса има околу една деценија да направи глобално движење што ќе ја направи светската економија систем без емисија на јаглерод. Авторите истакнале дека трудот потребен за ова би бил сличен како итната мобилизација за време на Втората светска војна.
Спирова С. | Црнобело