Земјата е единствената населена планета, ние сме најразвиени во вселената - Најголемите човечки заблуди според Никола Тесла

Првото место по важност го држат човечките заблуди во однос на вселената, коишто за чудо, не потекуваат од стариот или средниот век, туку напротив од модерното време.

Najgolemite-covecki-zabludi-spored-Nikola-Tesla-01.jpg

Тоа се заблудите дека Земјата е единствената населена планета, дека луѓето се најразвиени во вселената, дека вселената е вакуум без енергија и материја во својот најголем дел, освен планетите и ситните честички.

Овие заблуди како и многу други, настанале токму заради научниците-лаици, коишто носеле заклучоци без никакви докази и факти коишто подоцна другите научници не можеле да ги соборат бидејќи, исто така, немале докази и факти за докажување на спротивното.

На второ место на најголемите човечки заблуди е причината за појавата на некоја болест, а со неа автоматски незнаењето и заблудата за начинот на отстранувањето на истата.

Оваа заблуда е втора по битност, а прва по раширеност, поради невнимателните грешки на медицинската наука коишто нè чинат најголем број човечки животи, здравје, креативни и интелектуални потенцијали, бидејќи не им дозволува да се развијат.

Третата најголема човечка заблуда се однесува на можностите коишто енергијата му ги пружа на човекот, бидејќи тој со своето непознавање за останатите видови на енергија, само ја начнал можноста за користење на енергиите преку електричната, топлинската, енергијата на сонцето и ветарот, додека пак останатите недопрени видови на енергија остануваат потполно непознати.

Она што е најлошо, е што не се ни размислува за користење на многубојните различни видови на енергија коишто се во можност да му помогнат на човекот во скоро сите сфери на неговиот интерес коишто би можеле да ја преродат Земјата и целата човечка цивилизација.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg