Возење, желба за патување: Кои неверојатни квалитети може да ги наследите од родителите?
Покрај физичките особини кои е очигледно дека се наследни, колку пати сте слушнале дека некој е тврдоглав, себичен, или домаќин како некој од родителите?
Научниците велат дека многу лични карактеристики и квалитети се исто така наследни, како и вештини кои се стекнуваат од родителите или други блиски роднини.
Па, доколку ве интересира кои квалитети можете да ги наследите од родителите, или пак, какви квалитети вашите деца ќе наследат од вас, проверете во продолжение.
Не мора да значи дека со сигурност ќе се пренесе, но може да се надевате дека сте ги наследиле добрите квалитети:
Добрина
Добрината и љубезноста е квалитет кој зависи и од воспитувањето, околината и целокупниот карактер на човекот, но изгледа дека и гените имаат улога во тоа, според некои истражувања.
Желба за патување
Има луѓе кои имаат за цел да пропатуваат во што повеќе земји низ светот, а има и такви кои не посакуваат ни да се мрднат од креветот дома.
Тоа има врска со генот кој е поврзан со љубопитноста и желбата за менување места, истражување и преземање ризик, а тој ген се наоѓа во 20% од светската популација.
Мрзливост
Ако досега мислевте дека нема оправдување за мрзата, се лажете. Оправдувањето „лежи“ во 36 гени кои љубителите на излежување и гледање серии ги наследиле од предците.
Способности за возење
Генот кој е одговорен за усовршување на нови вештини, памтење и способност за навигација во стресни ситуации, е одговорен и за наследувањето способност за возење.
Развиено чувство за мирис на аспарагус
Постојат 2 типа на луѓе – едните веруваат дека откако ќе изедат аспарагус, урината им мириса чудно, а другите не чувствуваат ништо.
Научниците откриле дека не се работи за фантазија, туку за генетска мутација и дека чувството за мирис кај некои е поразвиено, а тоа се покажало како наследно.
Популарност
Ако имате многу пријатели и сте посакувани во друштвото, можно е да сте го наследиле „генот на популарност“. Според психолозите, постои јасна поврзаност помеѓу атрактивноста на личноста и неговата ДНК.
Во едно истражување, се докажало дека сите популарни студенти имале уникатен ген, наречен „бунтовнички ген“.
М. М. | Црнобело