Што ќе се случи, ако Земјата престане да се движи?

Холивудските филмови отсекогаш се обидувале да ни прикажат разни апокалиптични теории кои заплашуваат и застрашуваат. Меѓу тие теории е и што ќе се случи, ако Земјата одеднаш престане да ротира, односно да се движи.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-01.jpg

Генерално, ротацијата на Земјата полека се забавува. Кога нашата родна планета била помлада, нејзината ротација била побрза отколку сега.

Од НАСА велат дека ротацијата на секој еден век се забавува за 2.3 милисекунди и дека после милијарди години веројатно Земјата комплетно ќе престане да ротира околу својата оска.

Еве што ќе се случи тогаш:

1. Сите објекти на површината на планетата, по инерција, ќе полетаат кон исток со голема брзина

Стен Оденвалд од НАСА вели дека луѓето, автомобилите, куќите и сè друго на површината брзо ќе полета кон исток. Поточно, оние на Екваторот со брзина од 1.600 километри на час, а на половите со 1.300 километри на час.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-1.gif

2. Ќе настане силно цунами

Заради моментот на инерција, како и предметите на површината, така и водите од океаните, морињата, реките и езерата ќе почнат со силна брзина да се движат кон исток и да настане силно цунами кое ќе руши сè пред себе.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-2.gif

3. Ќе се појави екстремно силен ветар

По сопирањето на ротацијата на Земјата, нејзината атмосфера ќе продолжи да се движи и ќе настане силен ветар кој ќе се движи со околу 1.700 километри на час.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-3.gif

4. Ќе се формираат два нови океани и еден континент

Заради центрифугалната сила, сета вода тежнее да се движи кон екваторот, но кога ќе сопре движењето на Земјата, водата ќе се насочи кон половите и ќе се формира едно централно копно, нешто како нова Пангеја.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-4.gif

5. Ќе настанат вулкански ерупции, земјотреси и торнада

Ако планетата ненадејно запре, заради силната кинетичка енергија и моментот на инерција ќе настанат супер урагани, торнада, вулкански ерупции и земјотреси.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-5.gif

6. Земјата ќе стане совршена сфера

Заради центрифугалната сила, Земјата моментално е малку плосната на половите, но ако престане да се движи ќе добие совршена форма на сфера.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-6.gif

7. Едната хемисфера ќе биде топла како на Сахара, другата студена како на половите

Ако Земјата престане да ротира околу својата оска, еден нејзин дел ќе биде засекогаш осветлен од Сонцето и топол како да сте на Сахара, а другиот комплетно затемнет и студен како на Антарктик и Арктик.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-7.gif

8. Ќе исчезнат магнетните полиња кои ја штитат Земјата од опасните космички зраци

Магнетното поле на Земјата се генерира од процесите кои се случуваат во внатрешното јадро на Земјата односно барисферата заради ротацијата. Ако Земјата престане да се движи, тогаш ќе исчезне и магнетното поле кое нè штити од космичките зраци.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-8.gif

9. Ако човештвото преживее, ќе мора да живее во нови услови под земја

Ако човештвото успее да преживее, тогаш ќе мора да живее под Земја, а да излегува на површината само во специјални костими кои ќе го штитат од радијацијата и космичките зраци.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-9.gif

10. Месечината ќе почне да паѓа кон Земјата

Професорот Воган Прет од Универзитетот Стенфорд вели дека ротационата брзина на Месечината полека ќе почне да забавува и „ќе падне“ на Земјата.

shto-kje-se-sluci-ako-zemjata-prestane-da-se-dvizi-10.gif

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg