НАСА објави неверојатни фотки од Јупитер
Патувајќи 2.80 милијарди километри цели 5 години, вселенската сонда Џуно на НАСА влезе во поларната орбита на Јупитер на 5-ти јули 2016-та година за да ја истражува најголемата планета на Сончевиот систем до 2018-та година.
Сондата Џуно ќе обезбеди вредни информации кои претходно им биле недостапни на научниците.
Но, зошто токму Јупитер се проучува? Јупитер е најголемата планета во Сончевиот систем, а научниците веруваат дека токму оваа планета е камен-темелник на начинот на кој се формира една планета.
Нејзината огромна маса влијае на другите планети, астероиди и комети, па според научниците, обидот да се разбере истата, ќе ни даде можност да ги разбереме и другите планети.
Џуно не е првата вселенска сонда која ја истражувала оваа планета. Цели 8 години, до 2003-та година, вселенското летало Галилео го истражуваше Јупитер. Сепак, сондата Џуно е уникатна по тоа што се движи само на соларни панели.
На 27-ми март 2017-та година, ова летало го заврши своето 5-то прелетување околу Јупитер и веќе се откриени нови интересни работи. Пример, научниците открија дека магнетните полиња на Јупитер се покомплексни отколку што претходно се мислело.
https://www.youtube.com/watch?v=TxtLYk-7aXM
Н. Г. | Црнобело