Мистеријата разоткриена - Зошто тонат бродовите и авионите во Бермудскиот триаголник?
Се чини дека човештвото конечно е поблиску до разрешувањето на една од најголемите мистерии - Бермудскиот триаголник.
Бермудскиот триаголник е место каде исчезнале илјадници бродови и авиони, но досега никој не можел да објасни зошто се случува тоа.
Американските научници од Универзитетот во Колорадо на сателитски слики откриле необични хексагонални облаци чија природа, метеоролозите ја опишуваат како онаа на бомбите.
Според претпоставките, тие можат да се движат и со брзина од 274 километри на час и да предизвикаат 15-метарски бранови.
Според тие пресметки, ниту едно средство за патување не може да се соочи со такво невреме.
Вообичаено не се формираат такви геометриски фигури, но Бермудскиот триаголник е исклучок.
Инаку, досега се претпоставува дека се исчезнати и потонати повеќе од 75 бродови и авиони. Последен брод кој исчезнал бил „El Faro“ во 2015-та година.
Н. Г. | Црнобело