Месечината - нуклеарно дело?

Научниците долго време се окупирани со прашањето за настанувањето на месечината и нејзиното доаѓање во земјината орбита, а најчесто...

 

... повторуваната теорија е сепак поврзана со сончевиот систем.

Оваа теорија вели дека кога сончевиот систем се формирал, дошло до судир помеѓу Земјата и едно вселенско тело,  поради што од Земјата се откинал еден дел кој потоа одлетал во орбитата. Сепак, денес научниците имаат ново објаснение. Веруваат дека одвојувањето на месечината од Земјата не е резултат на овој судар, туку – резултат на една нуклеарна експлозија настаната на самата Земја. mesecinata-nuklearno-delo1

Идејата се базира на теоријата за фисија, која прв пат била презентирана во 19тиот век. Оваа теорија сугерира дека Земјата и месечината се створени од иста маса на вжарени карпи, од која подоцна еден дел се одвоил и постанал сателит.

Научниците Роб де Мајер од Универзитетот Вестерн Кејп и Вим ван Вестренен од Универзитетот во Амстердам, сметаат дека месечината е одвоена од Земјата со нуклеарна експлозија која настанала на нашата планета. Во својата студија „Алтернативна хипотеза за потеклото на месечината“, објаснуваат дека во случај на удар на надворешно тело во Земјата, месечината би била создадена од материјата на тоа тело.

„Моделите на еволуцијата на Сончевиот систем покажуваат дека малку е веројатно дека хемискиот состав на Земјата и телото кое удрило во неа биле составени од идентична материја.“ Од друга страна неодамнешните примероци укажуваат на тоа дека хемискиот состав на Земјата и на месечината е речиси идентичен – што укажува дека воопшто и не постоел удар.

Веруваат дека енергијата со која месечината се одвоила од Земјата потекнува од геореактор во Земјината кора,  кој произвел вишок на топлина, која пак се ослободила и исфрлила дел од масата во орбитата. „Центрифугалните сили на Земјата собрале потешки елементи како ураниум и ториум на близината на површината.

Доволна количина од тие елементи би можела да предизвика нуклеарна поврзана реакција. На тој начин, природно створениот нуклеарен геореактор дошол до критична точка и произвел масивна нуклеарна експлозија, по што дошло до одвојување на месечината“, објаснуваат овие научници.

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg