Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Спектакл на небото: Израмнување на 5 планети првпат по 11 години

Ако успеете да се разбудите рано наутро пред изгревањето на сонцето, ќе можете да уживате во еден на најубавите природни феномени на небото.

spektakl-na-neboto-izramnuvanje-na-5-planeti-prvpat-po-11-godini-01.jpg

Од 20-ти јануари до 20-ти февруари пет од планетите во Сончевиот систем ќе бидат видливи пред зазорувањето.

Во моментов може да ги видиме Јупитер, Марс, Венера и Сатурн, но за кратко време ќе им се придружи и Меркур, создавајќи порамнување кое последен пат можевме да го видиме во 2005-та година. Кон крајот на јануари кон овие сјајни ѕвезди ќе се придружи и младата месечина.

Во зависност од вашата местоположба на планетата појавувањето на планетите ќе биде различно, но сепак прво треба да се појави Јупитер а потоа Марс, Сатурн, Венера и Меркур.

Иако можеби ќе треба да почекате за небото да биде сосема јасно, овој редок феномен е навистина посебен за гледање.  

spektakl-na-neboto-izramnuvanje-na-5-planeti-prvpat-po-11-godini-02.jpg

Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн се единствените планети видливи со голо око од Земјата, додека Уран и Нептун може да се видат само низ телескоп.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае) Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
5 ретки, но многу смртоносни природни феномени Едно мегацунами може да достигне висина и до 30 метри, но, за среќа, овој феноме...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg