Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 пронаоѓачи кои починале од своите изуми

Некои луѓе се бескрајно посветени на своето поле на интереси и подготвени се да направат сè за своите изуми. Тоа значи дека се подготвени, со или без знаење, да го дадат својот живот.

7-pronaogjaci-koi-pocinale-od-svoite-izumi-01.jpg

Ова се 7 пронаоѓачи кои починале од своите изуми:

1. Франсис Едгар Стенли

Во 1896-та година Стенли, основачот на компанијата Stanley Motor Carriage, го измислил автомобилот на пареа. Во 1918-та година свртел наеднаш за да избегне препрека, а падот завршил со негова смрт.


2. Вилијам Булок

Булок е пронаоѓач на модерната преса за печатење на весници кој за време на нејзината изградба, му паднала на нога. Булок добил гангрена, а ампутацијата на неговата нога не ја преживеал.


3. Томас Ендруз

Креаторот на Титаник, Томас Ендруз, бил на првото патување на бродот од кое не преживеал. Откако им помогнал на луѓето на бродот да се качат во спасувачките бродови, седнал во една од пушачките собите од прва класа и гледал во слика додека бродот тонел.


4. Хенри Смолински и Хал Блејк

Хенри Смолински и Хал Блејк измислиле летечки автомобил– „Ave Mizar“. Станува збор за автомобил на кој биле закачени крила. За време на едно тестирање на возилото, крилата се откачиле сред воздух и двајцата пронаоѓачи починале.


5. Ото Лилиетал

Ото Лилиетал е првиот човек кој успеал да изведе безбедни и повторени летови со едрилица. Имал над 2.000 успешни летови, пред неговиот последен лет кога ги изговорил последните зборови: „Opfer müssen gebracht warden!“ или „мора да има и жртви“.


6. Марија Кири Склодовска

Марија Кири ги открила радиумот, полониумот и го извела поимот радиоактивност. Добила две Нобелови награди, но поради честата изложеност на радијација, умрела од леукемија во 1934-та година.


7. Франц Рајхелт

Рајхелт бил француски шивач кој го креирал падобранецот од облека. За да го тестира, скокнал од Ајфеловата кула и починал.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
5 ретки, но многу смртоносни природни феномени Едно мегацунами може да достигне висина и до 30 метри, но, за среќа, овој феноме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg