Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Научниците конечно се согласија: Мажите не се од Марс и жените не се од Венера

Според новото истражување спроведено во Универзитетот во Тел Авив, структурата на машкиот машкиот и женскиот мозок е генерално иста.

naucnicite-kone-no-se-soglasija-ma-ite-ne-se-od-mars-i-enite-ne-se-od-venera-01.jpg

Иако одредени делови покажуваат разлики во однос на полот, индивидуалниот мозок многу ретко има само „машки“ или само „женски“ особини, истакнуваат научниците.

Човечкиот мозок претставува мешавина од двете, со тоа што одредени аспекти се почести кај жените а други кај мажите, но постојат и такви кои се појавуваат и кај двата пола.

Ова е спротивно на досегашното верување дека постои строга поделба на машки и женски мозок, заклучуваат тие.

Дафна Џоел од School of Psychological Sciences и Sagol School of Neuroscience при Универзитетот во Тел Авив истакнува: „Многу е популарно верувањето, дури и помеѓу научниците дека мозокот има машка или женска форма. Она што нас не интересира е мозокот како целина. Дури и доколку има разлики дали тоа значи дека мозокот доаѓа во две сосема различни форми?“

Нивното истражување се заснова на резултатите од снимките од магнетна резонанца на 1.400 мозоци, фокусирајќи се на пред сè на анатомијата, а не на тоа како мозокот функционира.

Истражувањето зема предвид карактеристики како што е дебелината на ткивото или волуменот во различни делови на мозокот. Главниот фокус е ставен на особините кои покажуваат најголеми разлики во полот, делејќи ги резултатите во доминантна машка зона, доминантна женска зона и мешана зона.

Она што научниците го откриле е дека многу ретко еден мозок може да се категоризира само во една од овие зони, односно само 6% од анализираните 1.400 лица можело да се сместат само во една категорија.

Научниците исто така искористиле сличен пристап и за анализирање на психолошките и бихевиористичките резултати од две претходни студии кои опфаќале повеќе од 5000 учесници, и повторно добиле слични резултати.

Лери Кахил, невролог на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, кој не учествувал во ова истражување се сложува дека мозоците содржат различни мешавини на машки и женски анатомски особини.

„Постојат огромен број докази кои покажуваат дека полот влијае врз сите нивоа на функционирање на мозокот кај цицачите“ изјавува тој, додавајќи дека истражувањето покажува колку всушност полот е важен, „иако не можеме точно да одредиме на кој начин“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор „Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Синдром на жив мртовец и уште 11 чудни медицински случаи со кои се соочиле лекарите „Во психијатриската болница каде што работам, имаше пациентка со таканаречена фа...
6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае) Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...
„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
5 ретки, но многу смртоносни природни феномени Едно мегацунами може да достигне висина и до 30 метри, но, за среќа, овој феноме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg