На зависници - дајте им хероин
Лечењето на зависниците од хероин - со хероин, можеби звучи контрадикторно, но за “најзаглавените“ тоа е можеби единствено решение. Во одредени...
...клиники за одвикнување од користењето на хероин се користи овој метод, затоа што останатите се покажале неуспешни.
Велика Британија е една од земјите кои го користат овој метод по пример на Швајцарија.
Во Велика Британија неодамна е завршено 4-годишно истражување во кое на долгогодишните зависници секојдневно им била вбризгувана одредена доза на хероин како дел од програмата за одвикнување.
Резултатите биле успешни. Испитанииците биле помалку подложни на криминал и земање дрога на улица.
Џон Стренг, еден од истражувачите, вели дека тоа секако не е најдобар начин за одвикнување, но во моментов е единсвен кој може да им помогне на зависниците.
“Некои постигнуваат целосно откажување, а други се одвикнуваат од лошите навики полека“ - вели Стренг.
Велика Британија сигурно ќе има полесен пат до институционализирање на хероинските клиники, бидејќи хероинот веќе се наоѓа на пописот како средство кое се користи за медицински цели.
Би можело да ве интересира:





