Скопје – 9.12.2020 г. Осма година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, преку онлајн платформата Microsoft Teams, се одржа конференцијата „Erste Investors' Breakfast“. Како и претходните години, на конференцијата присуствуваа аналитичари и експерти од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, како и реномирани претставници од македонскиот финансиски сектор, со свои анализи и предвидувања за актуелните трендови во финансискиот свет и со посебен осврт на влијанието на ковид-19 пандемијата врз макроекономските и финансиските движења во Република Северна Македонија и пошироко во регионот.