„Во цут“ - изложба на Горан Костовски Ind.o.g 2021/2023
- Детали
- вторник, 09 мај 2023
Изложбата Во Цут - на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 Мај 2023 г. во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, локација: Парк на Франкофонијата со почеток во 18:30 часот.
Изложбата “Во Цут” се состои од платна, слики и графики цртани изминативе 2 години. Таа има за цел да ја претстави пролетта и самото будење на природата.
Авторот се поистоветува со будењето на природата како фаза за себе будење низ процесот на депресија и тага и надежта за подобар свет и грижа на планетата земја.
Менталното здравје е во фокус на изложбата и има за цел за презентирање на нови визии идеи за грижата на луѓето за животната средина и колективната грижа.
Цветовите кои што се дел од делата симболизираат: Љубов, Надеж, Грижа кон себе и природата, Тага, Живот, Радост. Изложбата ќе биде отворена до 26 мај 2023 година и може да се погледне секој работен ден после 17:00 ч.
Изложбата е поддржана од Центарот за современи уметности Скопје, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општината Центар.
Горан Костовски - Индог е уметнички директор, илустратор, дизајнер, уличен уметник и активист. Роден 1983 година во Скопје. Свое дело првпат изложил во 1998 година, а оттогаш до денес учествувал во низа самостојни и групни презентации, како и видео перформанси. Изложувал во Скопје, Париз, Лондон, Амстердам, Берлин, Цеље.
Со текот на годините, тој соработувал со многу организации, корпорации, музичари и уметници.
Работел на различни уметнички активности и кампањи за подигање на свеста; создавање и истражување на визуелни идентитети. Има искуство и во односи со јавноста и комуникации.
Во 2011 година, тој создаде уметничка платформа DIY и приватна етикета за унисекс облека Celebrate Life која промовира позитивни пораки и урбана култура.
Во 2020 година, инспириран од пандемијата и потребата да се поттикне дискусија за важноста на свеста за менталното здравје, тој започна подкаст.
Повеќе за неговата работа: www.indog.info. Индог живее и работи во Скопје.