Трета година по ред „Пикник у Пелинце“: Целодневен музички фестивал во близина на Куманово

Ова лето вреди да го посетите „Пикник у Пелинце“ – целодневниот музички фестивал со многу забава, кој веќе станува традиционален настан во Куманово.

treta-godina-po-red-piknik-u-pelince-celodneven-muzichki-festival-vo-blizina-na-kumanovo-001.jpg

На 17-ти јуни 2023, веќе трета година по ред ќе се одржи целодневниот музички фестивал „Пикник у Пелинце“, на добропознатото место Меморијален Центар АСНОМ Пелинце.

Оваа година посетителите ќе можат да уживаат во збогатена музичка и уметничка програма.

Ќе гостуваат музички артисти од Европа кои за првпат се во Македонија, како и локални изведувачи кои ќе бидат задолжени за приредување одлична забава за младите.

Во уметничкиот дел ќе има работилници кои ќе им дадат можност на младите да научат многу за уметноста. Ќе гостуваат локални уметници кои активно, целодневно ќе учествуваат во креирање уметничко дело на самиот настан.

Исто така, ќе има и катчиња кои ќе им овозможат на младите да се запознаат и дружат преку игри.

View this post on Instagram

A post shared by Piknik U Pelince (@piknikupelince)

Секако, на фестивалот ќе има и штандови за храна и пијалаци.

Минатата година фестивалот го посетија над 3.000 луѓе, а за годинава оваа бројка се очекува да биде и дуплирана.

„Пикник у Пелинце“ постепено станува традиционален настан во Куманово и ова лето вреди да одвоите време за да го посетите.

Погледнете ја атмосферата од минатата година:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg