Утре почнуваат „Денови на филигранство и накит“ – спој на македонското културно наследство и модерен накит

Од утре до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, четиридневен настан на кој ќе се претстават дури 23 „артизанс“ индивидуалци - уметници.

utre-pochnuvaat-denovi-na-filigranstvo-i-nakit-spoj-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo-i-moderen-nakit-01.jpg

Филигранот е дел од македонското културно наследство, кое треба да го заштитиме, а уметничките форми накит на овие креативци се спој на традиционалното со модерното.

Идејата е да се оживеат традиционалните културни вредности, преку брендиран филигрански накит, по кој е препознатлива нашата земја. Наедно на настанот ќе има широка лепеза и од современ накит.

utre-pochnuvaat-denovi-na-filigranstvo-i-nakit-spoj-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo-i-moderen-nakit-02.jpg

Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.

Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе.

utre-pochnuvaat-denovi-na-filigranstvo-i-nakit-spoj-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo-i-moderen-nakit-03.jpg

Во секој детаљ на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот, искуствен и авторски труд на овие 23 уметници.

utre-pochnuvaat-denovi-na-filigranstvo-i-nakit-spoj-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo-i-moderen-nakit-04.jpg

Настанот ќе се случува четири денови на приземјето на Скопје Сити Мол и ќе се претстават следните артизани:

Катарина Дода – KD Jewelry, Светлана Ивановска – „Арт Студио С“, Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“, Елена Поповска -„Мај Прешс“, Марина и Елена Јакшиќ „Ателје Сиена“, Александра Атанасовска – „МОRPHO“, Маја Донева, Миранда Дема – Coral Jewelry, Јулијана Илиевска – Џули Декупаж, Марта Пејоска, Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO, Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“, Елеонора Дулјанова – Small piece of joy, Марија Таировска – Marcy’s handmade, Емина Амит – Ателје Месечина, Ивана Кондратенко – ARTNOK, Милена Станковска – BRUMA, Татјана Богоевска и Борче Богоевски – Керакамика, Данче Наумоска – КОППЕР АРТ, Дијана Тодоровски – Добро ми Стои, Катерина Јовановска – Stardust Kejt Rakotvorbi, Блашка Миева –Freya Fashion Jewellery” и Ибро Ибраим - Филигран Ибро“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg