Таско, Тони Зен, Ивона Јо , Куку Леле и Поточиња за „Модерно Скопје“ викендов на „Школка“
- Детали
- петок, 23 јуни 2023
На 25-ти јуни по вторпат на Скопје ќе му се случи фестивалот „Модерно Скопје“ и тоа во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, каде што ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.
Исто како и минатата година и ова второ издание на „Модерно Скопје“ носи возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите македонски артисти. Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен настап на „Поточиња“, како и веќе докажани музички имиња меѓу кои Таско, Тони Зен, Ивона Јо и Куку Леле.
„Модерно Скопје“ и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе и го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг.
Влезот е слободен за сите посетители.