Крушево – град на културата за 2023-та година
- Детали
- вторник, 30 мај 2023
Многу фотографии од настанот „Крушево – град на култура 2023“ и уште поубави спомени од градот на 1.250 метри надморска височина.
Во петокот, на 26-ти мај, пред споменикот Илинден се одржа концерт со кој се означи почетокот на град на култура за 2023 година.
Настапуваа Камерен оркестар Битола со Елена Ристеска, Пере Нокаут, Дарио, Александра Трајческа, Димитар Андоновски, Кристина Арнаудова, Ристо Самарџиев, Џафер, Наде Талевска, Тамара Стојковска и Марија Цветановска.
Се обидов преку мојата фотографија да го претставам настанот во најдобро светло и мислам дека успеав во тоа затоа што едноставно уживав во настанот.
Неколку часови исполнети со убава музика, на еден убав настан во најубавиот град. Прелесно беше за мене да ги зграпчам најдобрите агли, со најдобрата светлина и да ја фотографирам атмосферата, затоа што настанот беше совршен.
Крушевчани и гостите на градот ги направија музиката и гласот на настапувачите уште попријатни и позабавни. А, додека временските услови влеваа мала несигурност кај организаторите, фотографиите зборуваат само за убаво поминати неколку часа со прекрасна музика.
Покрај фотографирањето, благодарение на овој настан успеав да воспоставам нови соработки со луѓе од областа на фотографијата и односите со јавност и сум исклучително среќна заради тоа. Фотографијата е мојот печат!
Овој настан започна на 25 мај, а ќе трае цела година со преку 60 настани. Истиот е финансиски поддржан од Министерство за култура и спроведуван од општина Крушево и партнерите.
Повеќе фотографии од настанот:
фото: Ана Петроска (Инстаграм и Фејсбук)