Кое е значењето на „заразната“ песна APT. + факти за Корејката што го отпеа хитот
Зад огромниот хит APT. стојат Бруно Марс и јужнокорејската пејачка Розе, која веќе има импресивна кариера благодарение на к-поп групата Blackpink. Што откри таа за значењето на новиот хит?
Еден од најголемите хитови периодов е дуетот на Бруно Марс и јужнокорејската пејачка Розе, насловен „АРТ.“.
Песната ја слушаме насекаде – од радио, до „рилови“ на Инстаграм и ТикТок, а поради заразниот ритам и забавниот текст, си ја потпевнуваат и оние кои велат дека ја мразат.
Текстот на песната главно е на англиски, но има стих-два на јужнокорејски, односно „најзаразниот“ дел кој е и насловот на песната – Apt.
Скратеницата apt. се однесува на корејскиот збор 아파트 или напишан на латиница – apateu.
Преводот на зборот е „апартман“, но се однесува и на игра со пиење алкохол која е популарна во Јужна Кореја.
За Vogue, пејачката Розе самата даде објаснување за зборот и инспирацијата за песната:
„Apt. е корејска игра за пиење алкохол што сакам да ја играм со моите пријатели.
Кога бевме во музичкото студио, им реков на луѓето кои беа со мене дека сакам да ги научам некои корејски игри за пиење.
И, им се допадна бидејќи тие не беа Корејци. Почнаа да ме прашуваат ’Што е ова? Ова е лудо!‘
Па, на шега им реков дека треба да направиме песна. И, на шега ја направивме песната“.
Едно од правилата на играта е сите учесници за викаат apateu, па Розе вели токму тоа им звучело интересно на сите во студиото.
„Се сеќавам потоа кога си отидов дома бев загрижена, се прашував дали е во ред да напишам песна за игра за пиење. Како да не е доволно сериозно“.
На видеото во продолжение, Розе објаснува како се игра играта:
Но, Розе сфатила дека оние кои ја слушнале првата верзија на песната биле воодушевени, па решила да ја доврши, заедно со Бруно Марс и нејзините продуценти.
Во текстот на песната, Розе и Бруно Марс се привлекуваат еден со друг и се канат да ја играат играта како вид флерт.