Кое е значењето на „заразната“ песна APT. + факти за Корејката што го отпеа хитот
Розе, чие вистинско име е Розеан Парк, е родена во Нов Зеланд, но нејзините родители се доселеници од Јужна Кореја.
Уште во детството покажала талент за музика – свирела клавир и гитара, а пеела и во црковни хорови.
Веќе на 11-годишна возраст, потпишала договор со јужнокорејска продукциска куќа, откако победила во конкурс.
Самата има откриено дека се пријавила на конкурсот по инцијатива на татко ѝ, но тогаш мислел дека тој се шегува.
Розе воопшто не очекувала да има шанси да стане к-поп ѕвезда.
Сепак, по четири години обуки и тренизни со продукциската куќа, во 2016-та стана дел од можеби најпозната јужнокорејска група – Blackpink.
Со групата стекна светска слава, а во 2020-та најави дека ќе се фокусира на соло кариера.
Следната година го издаде својот прв албум со кој стана најпродаван женски изведувач во Јужна Кореја.
А, успеа да собори и светски рекорд за најмногу прегледи на Јутјуб во рок од 24 часа.
Оттогаш, нејзината кариера се движи во нагорна линија и не престанува да ги освојува топ-листите и во Јужна Кореја, и во целиот свет.
Не се знае скоро ништо за приватниот живот на Розе.
Како дел од к-поп групата Blackpink, таа мораше да следи строги правила во врска со криење на приватноста.
Како и другите к-поп изведувачи, Розе во јавност требаше да покажува само посветеност на кариерата и ништо друго.
Па, не се знае дали е сингл или има партнер, ниту, пак, нешто за врски од минатото.