3 лектири од средно образование за кои е срамота да признаете дека не сте ги прочитале

Дали бевте од оние што редовно ги читаа лектирите или пак од оние што најчесто наоѓаа начин како да препишат и да се снајдат? Издвојуваме три дела што ако не сте ги прочитале во средно, треба да најдете време и да ги прочитате сега задолжително.

3-lektiri-od-srednoto-obrazovanie-shto-e-sramota-da-priznaete-deka-ne-ste-gi-prochitale-01.jpg

Велат дека луѓето многу често лажат за бројот на книги што го прочитале, а на добрите познавачи на литературата секогаш им е јасно кога некој само се фали, а кога некој е вистински љубител на книжевноста и на убавиот збор.

Да бидеме искрени, изборот на литературни дела е различен, па така некои ученици не сакаат да читаат поезија, други не можат да го следат дејствието во прозните дела напишани во стих како „Евгениј Онегин“ или во еповите на Хомер, но факт е дека постојат и книжевни дела што не се толку тешки, а се мошне интересни и поучни.

Во продолжение три книжевни дела, што ако не сте ги прочитале во средно, треба да најдете време да ги прочитате некогаш во животот.

Џовани Бокачо: „Декамерон“

Збирка од 100 кратки новели, кои содржат за секого по нешто.

Полни се со поучни содржини, кои во голема мера потсетуваат на народните приказни, а со оглед на тоа што станува збор за кратки четива, нема да ви одземат премногу време за читање.

Секој ден можете да читате по еден расказ, без да морате постојано да мислите на тоа каде сте застанале.

3-lektiri-od-srednoto-obrazovanie-shto-e-sramota-da-priznaete-deka-ne-ste-gi-prochitale-03.jpg

Мигел де Сервантес: „Дон Кихот“

Романот за досетливиот благородник Дон Кихот од Ла Манча и ден денес привлекува внимание.

Напишан како пародија на лажните витешки романи што во тоа време биле мошне популарни кај народот, „Дон Кихот“ и денес е сè уште актуелен затоа што прикажува што може да му се случи на човекот кој избира да „живее“ во нереалниот свет што му се пласира преку публикациите и медиумите.

3-lektiri-od-srednoto-obrazovanie-shto-e-sramota-da-priznaete-deka-ne-ste-gi-prochitale-04.jpg

П. М. Андреевски: „Пиреј“

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“

Ова е реченицата што честопати се споделува на социјалните мрежи, но колку од вас ја знаат приказната за Јон и Велика и за нивните страдања за време на војните?

Ова е уште еден роман што задолжително треба да најдете време да го прочитате.

3-lektiri-od-srednoto-obrazovanie-shto-e-sramota-da-priznaete-deka-ne-ste-gi-prochitale-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg