Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 (лесни) романи што ќе ви докажат дека вистинската љубов можете да ја најдете на најнеочекуваното место

Дали верувате во љубов на прв поглед? Дали верувате дека за сите нас постои сродна душа што само чека да ја пронајдеме – тогаш овие три романи се само за вас.

3-lesni-romani-shto-kje-vi-dokazhat-deka-vistinskata-ljubov-mozhete-da-ja-najdete-na-najneverojatnite-mesta-01.jpg

Ако сте од оние што сакаат да се одмараат со лесни четива во кои има многу љубов, романса и неочекувани пресврти, тогаш сигурно овие три наслови ќе ви се допаднат.

Станува збор за книги кои биле светски бестселери и веќе добиле позитивна критика од публиката низ целиот свет, а се преведени и на македонски јазик.

Хелен Хоанг – Коефициент на љубовта

Роман што добро ќе ве расположи и ќе ви докаже дека никогаш нема да можете научно да докажете што е она што може да ви предизвика пеперутки во стомакот и да ве натера да се вљубите.

Стела Лејн верува дека математиката е единствената наука што го обединува светот, затоа што таа креира алгоритми за да ја предвиди потрошувачката, а благодарение на своето знаење успеала да заработи многу пари, но останала без основно искуство во поглед на љубовниот живот.

Нештата дополнително ќе се заплеткаат кога таа ќе одлучи да го ангажира професионалниот придружник Мајкл Фан, кој треба да ја научи сѐ што знае за сексот и врските.

3-lesni-romani-shto-kje-vi-dokazhat-deka-vistinskata-ljubov-mozhete-da-ja-najdete-na-najneverojatnite-mesta-02.jpg

Теса Бејли - Се случи едно лето

Пајпер Белинџер е опседната со мода и е мошне влијателна, а заради тоа што важи за бунтовна личност папараците ја следат во секој чекор.

Една вечер откако една забава ќе излезе целосно од контрола, нејзиниот очув одлучува дека е доволно, по што одлучува да престане да ѝ дава пари и ја праќа во родното место на нејзините родители.

Рибарското гратче Веспорт е нов свет за разгалената Пајпер, која се заинатува да докаже дека не е само празноглава убавица. Заедно со сестра ѝ почнуваат да го реновираат стариот бар оставен во наследство од татко им, откриваат нови работи за него, ја запознаваат баба си, се спријателуваат со мештаните, а особено со еден од нив – капетанот Брендан.

3-lesni-romani-shto-kje-vi-dokazhat-deka-vistinskata-ljubov-mozhete-da-ja-najdete-na-najneverojatnite-mesta-03.jpg

Али Хејзелвуд – Хипотеза на љубовта

ХИПОТЕЗА: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.

Олив Смит е докторантка по биологија и има одлично познавање од науката, но не може да се пофали дека има богат љубовен живот. Таа треба да ја убеди другарка ѝ Ан, дека има ново момче, па за да биде поуверлива го бакнува првиот маж што ќе се најде во нејзина близина.

Проблемот е што тој маж е Адам Карлсен, млад популарен професор, кој е познат по тоа што не е премногу љубезен кон другите.

Олив останува збунета кога тој ќе одлучи да ѝ помогне и да продолжи да глуми дека тие двајца се во врска.

3-lesni-romani-shto-kje-vi-dokazhat-deka-vistinskata-ljubov-mozhete-da-ja-najdete-na-najneverojatnite-mesta-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни и страстни романи што ќе ги прочитате во еден здив Џенифер Пробст ја напишала својата прва книга на 12 години. Ја однела во училишт...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg