На 4 години видел како другар му го гази воз, бил малтретиран од дадилката - Трагедиите на Стивен Кинг кои го направија „крал на хоророт“

Кога имал само 2 години татко му го напуштил, а дадилката што требало да го чува, под казна го тепала и го заклучувала во плакар. Тој почнал да креира хорор приказни уште на 6 годишна возраст за да го победи стравот и големиот број фобии со кои се соочувал - зошто Стивен Кинг пишува само хорор приказни?

skrienite-okolnosti-koi-vlijaele-na-uspehot-na-stiven-king-zoshto-pishuva-samo-horor-prikazni-01.png

Стивен Кинг е најуспешниот писател на хорор приказни во историјата, со продадени повеќе од 400 милиони книги ширум светот. Тој со право ја доби титулата „Крал на хоророт“ благодарение на неговите многубројни хорор-романи и раскази, при што многу од нив беа адаптирани во филм, со што го донесоа хоророт до пошироката публика.

Shining, It, Pet Sematary се само дел од неговите книги што доживеале светска слава и биле филмувани.

Зошто пишува само хорор приказни?

Можна причина за афинитетот на Кинг кон хорор жанрот e трауматичното искуство низ кое тој поминал во своето детство. 

Кога имал само 2 години, нивниот татко го напуштил семејството и ги оставил во мошне лоша финансиска положба.

Стивен и неговиот 2 години постар брат Дејвид понекогаш поминувале цели недели кај роднини и пријатели, додека мајка им работела и на три работни места за да обезбеди доволно финансии за семејството.

zad-uspehot-na-stiven-king-se-krijat-tragedii-na-4-godini-videl-kako-drugarcheto-bilo-pregazeno-od-voz-dadilkata-go-zakluchuvala-vo-plakar-06.jpg

Кога писателот имал само 4 години се случила една несреќа, што се смета дека го обележила авторот. 

Еден ден, Кинг излегол од дома да си игра со детето на соседите, кои живееле во близина на железничка пруга и се вратил без зборови и навидум шокиран.

Семејството на Кинг подоцна дознало дека пријателот на Кинг умрел, а се верува дека Кинг бил сведок кога детето го удрило воз.

Според многумина, овој настан бил потсвесна инспирација за неговите мрачни дела, дури и ако Кинг вели дека не се сеќава на тоа.

skrienite-okolnosti-koi-vlijaele-na-uspehot-na-stiven-king-zoshto-pishuva-samo-horor-prikazni-02.png

Во неговата книга Danse Macabre (1981), Кинг споделува дека неговиот повик кон хоророт се случил кога пронашол џебна верзија на збирка раскази од Х.П. Лавкрафт, споделувајќи дека „знаел дека го пронашол својот пат кога ја прочитал таа книга“.

Кинг исто така бил страствен читател на хорор стрипови кога бил дете, а во своите мемоари On Writing споделува дека уште од мали нозе се плашел од многу работи, па една од причините поради која почнал да пишува хорор приказни е да го убие тој страв.

Раскажува како една од дадилките била мошне насилна кон него, па така еден ден кога имал само 4 години тој седумпати едноподруго побарал од неа да му пржи јајца, а откако ги изел сите му се слошило и повратил.

Дадилката многу се налутила заради ова, па го претепала и го заклучила во темен плакар.

Оттука станува јасно зошто во овој период писателот почнал да се плаши од темнината, не сакал да спие без запалено светло, а постојано стравувал дека има чудовишта во темнината.

Во овој период почнува да се развива неговата силна имагинација, што ќе придонесе на само 6 години тој да почне да ги има своите први „обиди“ за пишување.

skrienite-okolnosti-koi-vlijaele-na-uspehot-na-stiven-king-zoshto-pishuva-samo-horor-prikazni-03.png

Преку неговите хорор романи, Кинг не само што истражува некои од тие многу стравови што ги имал како дете, туку и помага и на публиката да влезе во нив во безбедно опкружување - иако тоа не значи дека тој не бил одговорен за безброј кошмари.

Малку е веројатно дека Стивен Кинг ќе престане да пишува хорор приказни, така што обожавателите можат да бидат сигурни дека во блиска иднина ќе има уште многу приказни што предизвикуваат кошмари.

M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg