10 книги што треба да ги имате во својата библиотека за да покажете дека сте вистински интелектуалец
Пред вас се наслови на 10 кижевни изданија коишто се достапни и на македонски јазик, а кои секоја личност која се смета за образована и интелектуалец, треба барем еднаш во животот да ги прочита.
Вложеното време во читање книга е вложување во себеси. Додека ја следите интересната приказна не сте ниту свесни дека ви се збогатува речникот, стекнувате нови знаења и постојано учите нешто ново.
Велат дека секоја книга го носи печатот на времето во кое настанала, па на тој начин книгите се во постојан дијалог со времето што изминало, со историјата, со политичките и општествените случувања во кои настанале.
Одвојуваме 10 книжевни изданија што секоја образована личност би требало барем еднаш во животот да ги прочита и да ги има во својата библиотека.
Мајсторот и Маргарита – Михаил Булгаков
Настаната како одговор на воведувањето на комунистичкиот систем во СССР, „Мајсторот и Маргарита“ е книжевно ремек дело на кое ќе сакате да му се навратите повеќепати и секогаш ќе откриете нешто ново во него.
Џејн Ер – Шарлот Бронте
Книгите на сестрите Бронте се познати како љубовни романи кои најчесто им се допаѓаат на жените, но ова е книга во која мошне доследно е отсликана и позицијата на жената во англиското општество во XIX век.
Гордост и предрасуда – Џејн Остин
„Гордост и предрасуда“ е уште едно дело на класичната литература на кое задолжително треба да одвоите време.
Љубовната приказна на Елизабет Бенет и Дарси цели 209 години (од 1813-та година) ја освојува публиката, а преку неа одлично се отсликани разликите во општествените слоеви.
Ернесто Сабато – Тунел
Станува збор за темен психолошки роман кој ја обработува приказната на сликарот Хуан Пабло Кастел и неговата опсесија со една жена.
Роман кој имал 4 екранизации и важи за еден од светските класици и што секако, вреди да го прочитате.
Госпоѓа Даловеј – Вирџинија Вулф
Објавен во 1925-та година „Госпоѓа Даловеј“ е најпознатиот роман на Вирџинија Вулф. Станува збор за роман кој ја обработува приказната на една средовечна жена која се подготвува за забава.
Станува збор за „роман на тек на свест“, каде имаме можност да го проследиме психолошкото преиспитување и самоспознавање на ликовите.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





