Три нови наслови кои вреди да ги понесете на плажа со себе

Летните одмори сè уште се во тек, а тоа значи физичка но и ментална релаксација на телото и умот.

Tri-novi-naslovi-koi-vredi-da-gi-ponesete-na-plaza-so-sebe-01.jpg

Многу нови изданија од различни издавачки куќи, а овојпат издвоивме три наслови кои целосно ќе го окупираат вашето внимание за време на летниот одмор:

Детето – Себастијан Фицек

„Се викам Симон. Имам 10 години. Јас сум сериски убиец.“

Роберт Штерн, успешен адвокат, не е ни свесен што го чека кога прифаќа да се сретне со нов клиент во предградието на Берлин.

Затоа се шокира кога сфаќа дека личноста којашто треба да ја брани е десетгодишно момче – Симон – кревко дете со хронична болест, кое тврди дека бил убиец во претходниот живот.

Изненаденоста на Штерн брзо се претвора во хорор кога го пребарува подрумот каде што го испраќа Симон и наоѓа остатоци од човечки скелет, череп расечен со секира – баш како што Симон му кажува дека ќе најде.

Tri-novi-naslovi-koi-vredi-da-gi-ponesete-na-plaza-so-sebe (1).jpg

Катерина од Сиена – Сигрид Унсет

Извонредно активна, интелигентна и храбра жена, Катерина на рана возраст се посветува на љубовта божја.

Интензитетот на нејзината молитва, жртви и служење на сиромашните ѝ донел репутација на светост и мудрост и била повикана да склучи мир меѓу завојуваните благородници.

Со чувствителност на ревносната љубов кон Бога и како човек што проникнал во животот на света Катерина, Унсет претставува најтрогателен и незаборавен портрет на една од најголемите жени на сите времиња.

Tri-novi-naslovi-koi-vredi-da-gi-ponesete-na-plaza-so-sebe (2).jpg

Брада натопена со крв – Даниел Галера

Главниот лик се обидува да ги открие деталите за смртта на дедо си. Почнува со посета на татко му кој му ја најавува намерата да се самоубие и му ја раскажува приказната за мистериозната смрт на дедо му.

Го убиле во Гаропаба, мал приморски град на југот на Бразил, во текот на неделна игранка, кон крајот на 1960-тите, при што никогаш не биле најдени ни телото ни виновниците.

Скршен по загубата на татко си, семејните несогласувања и љубовното предавство, младиот човек, инаку професор по физичко образование, се сели во Гаропаба во потрага по личен мир и по вистината за дедо му.

Tri-novi-naslovi-koi-vredi-da-gi-ponesete-na-plaza-so-sebe (1).png

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и прежи...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...
3 психолошки романи кои вреди да се прочитаат (и кои долго ќе ги помните) Кога се спомнуваат психолошките романи, обично прв на ум ни паѓа Достоевски и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg