3 психолошки романи кои вреди да се прочитаат (и кои долго ќе ги помните)
Кога се спомнуваат психолошките романи, обично прв на ум ни паѓа Достоевски и неговите романи, кои одамна веќе важат за класика, но добро е да им дадете шанса и на некои понови наслови.
Според платформата за читатели Goodreads може да се издвојат 100-тина наслови на психолошки романи и трилери, кои се вбројуваат меѓу најбараните, според читателите.
На оваа листа секако се најдоа романите „Злосторство и казна“ и „Браќа Карамазови“ на Достоевски, но и голем број други нови наслови и автори.
Во продолжение издвојуваме три психолошки романи, на кои, според читателите од целиот свет треба да им се даде шанса.
„Петтемина што ги среќаваш во рајот“ – Мич Елбом
Еди е воен ветеран, кој живеел сосема обичен живот. Тој работи во локален забавен парк, а на неговиот 83-ти роденден, тој го загубил животот додека се обидувал да спаси мало девојче од сигурна смрт.
Се буди во задгробниот живот, каде што учи дека рајот не е само цел, тоа е место каде што твојот живот е објаснет од страна на петмина.
Некои од нив се луѓе што си ги познавал, а некои се целосни странци.
„Соба“ – Ема Донохју
Романот раскажува за нераскинливата поврзаност која постои меѓу мајката и синот и нивната љубов кој успева да ги надмине сите предизвици.
За 5-годиншниот Џек собата е целиот негов свет. Тоа е местото каде што бил роден, каде што пораснал и каде што живее со мајка му.
Преку ден Џек во собата со мајка му учи да чита, тука јаде, спие и си игра, а навечер треба да се скрие во гардероберот, затоа што тоа е времето кога во домот доаѓа посетител.
„Чудна случка со кучето во ноќта“ – Марк Хадон
Кристофер Џон Франсис Бун е 15-годишно момче кое ги знае сите држави во светот и нивните главни градови. Знае голем број факти и ги сака животните, но никако не може да ги разбере емоциите кај луѓето.
Кристофер не поднесува некој да го допира и ја мрази жолтата боја.
Неговиот живот целосно ќе се промени, кога во дворот на сосетката ќе го најде телото на нејзиното мртво куче, па ќе започне сопствена детективска истрага за смртта на миленикот.
Додека малото момче трага по вистинската причина за смртта на миленикот, попатно открива голем број вистини за себе, но и за светот околу него.
Б. С. Б. | Црнобело