Прочитајте го Романот на годината „Денот на црвот“ и уште 2 одлични романи од домашни автори

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска во издание на Издавачката куќа „Или-Или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Оваа награда традиционално ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ по 23-ти пат во континуитет.

Roman-na-godinata-Denot-na-crvot-01.jpg

Оваа година, во конкуренција од 39 книги од минатогодишната книжевна продукција, во најтесниот избор влегоа и „Деса“ од Ивана Трајаноска („Арс либрис“), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски („Или-Или“) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ („Паблишер“).

Задолжително мора да го прочитате романот на годината од Симона Јованоска, а имаме и уште 2 одлични предлози за вас:

Денот на црвот – Симона Јованоска

Денот на црвот“ е роман што постојано изненадува. Почетокот на романот е сосема неочекуван. Навестува дека делото е можна „басна“ со воведувањето на главните ликови: Црвот и Чавката. Но, тоа е итра замка што ја откриваме во продолжение.

Приказната на спомнатите два лика, понатаму низ многубројни варијанти се преточува во животните судбини на јунаците што му припаѓаат на нашиот род.

Се испреплетуваат меѓусебно, се заплетуваат, се расплетуваат, понекогаш ритамот е толку вртоглаво брз што прилега на оној од анимираните филмови. (дел од рецензијата на Јагода Михајловска Георгиева)

Roman-na-godinata-Denot-na-crvot (2).jpg

Деса – Ивана Трајаноска

Деса e жена-сон, тивка, приспособлива, непокорна, но свитлива, скротувачка на своите внатрешни ветрови и сили. Како довеано бело, лесно облаче среде модрите стратуси.

Егзотична птица залутана во туѓо небо. Големите соништа ги носи од Кратово во Скопје, каде што треба да се остварат.

Но, новата средина значи и поголем избор. Поголемиот избор значи и поголеми шанси за грешни одлуки.

Taa ни носи филигрански изработена приказна за несреќниот живот на една жена, за миграцијата и судирот на вредностите од мало место во големо, за погрешните животни избори и за тагата за непроживеаното.

Roman-na-godinata-Denot-na-crvot (1).jpg

Ден за одмазда – Ивица Челиковиќ

Губејќи го работното место и семејството, главниот лик Илија Гавровски-Ѕидарот се заплеткува во лаги, измами и предавства, кои само го намножуваат злото на кое единствено може да му се спротивстави едноставната и чиста човечка суштина.

Начинот на кој го бара излезот од круговите на пеколот создава простор за неочекувани средби, но пред сè, за конфликти и недоразбирања што внесуваат драматика и го продлабочуваат неспокојот.

Но, сепак, во тој бесмислен круг на животот блеснува и понекоја светла точка и искра на надеж.

Roman-na-godinata-Denot-na-crvot (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се до...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...
3 романи од омилените автори на Милош Биковиќ Какви книги чита Биковиќ? Кои 3 книжевни дела му се омилени и според него, вреди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg