Раскази, поезија и драма која ќе ви го распарчи срцето – три нови книги кои ќе ве освојат од прва
Расказите имаа некоја особена магија, а истото важи и за поезијата. Доколку сакате да го избегнете шаблонот на долги романи, имаме два, нови, одлични предлози за вас.
Неверојатните љубовни поеми на Пабло Неруда, како и расказите на јапонскиот писател Тошиказу Кавагучи.
Доколку сепак сте за добар роман, тука е најновиот на Колин Хувер, вистински мајстор на емоциите пренесени на хартија.
Нашите 3 предлози се:
Сто љубовни сонети – Пабло Неруда
Во „Сто љубовни сонети“, Неруда пее за Матилда Урутија. Овие стихови се дефиниција за љубовта што ја негувал кон својата жена.
Но, љубовта на која овие сонети ѝ оддаваат чест не е само саканото тело на поетот туку и пристапен пат што ѝ овозможува на индивидуалната свест да се препознае во битието на светот.
Споменот на него – Колин Хувер
По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа во градот каде што се случила трагедијата, надевајќи се дека ќе добие втора шанса со својата 4-годишна ќерка.
Но, се покажува дека е невозможно одново да се изградат мостовите кои ги изгорела во минатото. Сите во животот на ќерка ѝ се цврсто решени да не ѝ дозволат на Кена да ѝ се доближи, без разлика колку таа се труди да се докаже.
Пред да се излади кафето – Тошиказу Кавагучи
Во мала, споредна уличка во Токио, има едно кафуле кое повеќе од сто години служи внимателно избрано кафе. Но според локалната легенда, ова кафуле нуди и нешто друго освен вкусно кафе — можност за патување во времето.
Во текот на едно лето, четворица муштерии го посетуваат кафулето со надеж дека ќе тргнат на такво патување. Но патувањето низ времето не е толку едноставно, постојат правила што мора да се почитуваат.
Најважното е дека тоа патување може да трае само толку колку што му е потребно на кафето да се излади.
(О)Милена | Црнобело