„Мило мое дете“ и уште 2 нови книги со кои ќе го заокружите овој декември

Можеби сте премногу зафатени со украсување, претпразнични подготовки или пак купување на подароци. Сепак, и покрај околностите, секогаш мора да најдете време за читање.

Milo-moe-dete-knigi-dekemvri-01.jpg

Бидејќи книгите се храна за умот, но и лек за душата. Овој декември, заокружете го со три нови, одлични наслови:

Гранд хотел Европа – Илја Леонард Фајфер

Писател престојува во прочуениот декадентен „Гранд хотел Европа“, за убаво да размисли каде згрешил со својата голема љубов Клио, која ја запознал во Џенова, а потоа отишле да живеат во Венеција.

Тој ја реконструира трогателната приказна за љубовта во времиња на масовен туризам, за нивните патувања во Малта, Палмарија, Портовенере, Чинкве Тере, и нивната возбудлива потрага по последната слика на Караваџо.

Во меѓувреме, развива фасцинација за мистериите на „Гранд хотел Европа“ и сè повеќе се поврзува со незаборавните ликови што престојуваат таму.

Milo-moe-dete-knigi-dekemvri (1).jpg

Италијанската девојка – Лусинда Рајли

Розана има само 11 години кога се запознава со Роберто во кафеаната на своите родители во Неапол.

Таа се вљубува во убавиот оперски пејач и се заколнува дека еден ден ќе се омажи за него. И Роберто не останува рамнодушен на нејзиниот ангелски глас.

Ѝ предвидува блескава иднина и ја убедува да оди на часови по пеење. Наскоро патот повторно ѝ се вкрстува со патот на Роберто. Заедно ги освојуваат сцените на најпознатите оперски куќи во светот.

Тие се неверојатен тим и во животот, и покрај неговата репутација на кршач на женски срца. Нивната љубов е опсесивна, но и разорна, обележана со лаги и предавства.

Milo-moe-dete-knigi-dekemvri (2).jpg

Мило мое дете – Роми Хаусман

Во темна колиба без прозорци некаде во шумата, животот на Лена и на нејзините две деца следи строго дефинирани правила кои ги поставува човекот којшто ги држи заробени – таткото.

Кога се јаде, кога се оди во тоалет, кога се учи… и сето тоа под неговото будно око. Тој го штити своето семејство од опасностите кои демнат во надворешниот свет и води сметка неговите деца секогаш да имаат мајка која ќе се грижи за нив.

Еден ден, Лена успева да побегне – но кошмарот продолжува. Се чини дека тиранинот сака да си го врати она што смета дека му припаѓа…

Плус, под знак прашалник е дали таа навистина е жената по име „Лена“, мајка на двете деца, која исчезнала без трага пред 14 години.

Milo-moe-dete-knigi-dekemvri (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg