Три возбудливи трилери за совршен читачки декември
Сите љубители на книги со брзо дејствие, совршено изградени ликови и заплет кој ќе ве остави со подотворена уста, ќе уживате во следните три наслови.
Трилерот е жанр кој го обожаваме со добра причина – понекогаш (ако не и секогаш), книгите се многу подобри и помајсторски од филмовите:
Последната од девојките Месечини – Барбара Дејвис
Лизи Месечина никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини. Пред осум години, таа ја напуштила земјата за која се грижеле девет генерации надарени исцелителки, решена да се оддалечува од гласините за чудното наследство на нејзината фамилија.
Но, кога ќе почине нејзината сакана баба Алтеа, Лизи мора да се врати и да се соочи со трагедијата што виси над исушените полиња со лаванда: нерешените убиства на две млади девојчиња и грубите обвинувања што ја следеле Алтеа до нејзиниот гроб.
Замка – Мелани Рабе
Познатата писателка Линда Конрадс е мистерија за читателите и медиумите. Живее многу повлечено.
Скоро 11 години не стапнала надвор од својата вила на Штајнбершкото Езеро. Малкумина знаат дека едно лице ја прогонува Линда во соништата.
Пред многу години, нејзината сестра Ана била убиена, а Линда го видела убиецот.
И, сега, еден ден го здогледува токму неговото лице на телевизискиот екран. Само што – никој не ѝ верува…
Северната страна на срцето – Долорес Редондо
Во 2005 година, многу време пред да се случат злосторствата во Бастанската Долина, Амаја Саласар, како млада помошник-инспекторка учествува во програма за размена на полициски службеници од Еуропол во Академијата на ФБИ, во САД.
Таму таа се истакнува со својот талент и агентот Алојсиус Дипре, шефот на единицата за истраги, ја вклучува во екипата што е во потрага по сериски убиец наречен „композиторот“.
А тој убива цели семејства во текот на големи природни катастрофи. Следејќи ја неговата трага, тие одат во Њу Орлеанс во предвечерието на Катрина, најголемиот ураган што го зафатил градот…
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





