3 одлични романи за на плажа (наменети за романтични души)
Сонце, вода и добра книга. Ви препорачуваме 3 одлични изданија, што можете да ги прочитате додека уживате на сонце покрај плажа.
Секој од нас понекогаш сака да побегне од реалноста со по некоја романтична приказна, која ни ја враќа надежта дека сепак постои среќен крај и дека секој од нас еден ден ќе го најде она што го посакува.
Кратките романтични романи се токму тоа, можност за бегство и за опуштање, а кога сте на плажа, и ништо повеќе не ви треба – нели?
Во продолжение ви препорачуваме 3 забави романи за на плажа, што би можеле да ги прочитате ова лето:
„Љубов Теоретски“ – Али Хејзелвуд
Преводот на ова книжевно дело на Али Хејзелвуд наскоро ќе биде објавен и на македонски јазик, и тоа само 1 година откако ги освои читателите од целиот свет.
Слично како и во претходните романи на Ели, главната протагонистка Елси Хенавеј е научничка и професорка, која напорно работи на ова поле, но за да се поткрепи себеси финансиски, таа нуди да глуми лажна девојка на клиенти.
Сѐ е во ред, сѐ додека не сфати дека Џек Смит, згодниот постар брат на нејзиниот омилен клиент е всушност физичар кој ја уништил нејзината кариера и репутација во науката.
Истовремено, тој е главен во комитетот за вработување на МИТ и претставува главна пречка за таа да ја добие работата од соништата.
„Покорувајќи го војводата“ - Иви Данмор
Историска фикција за жените кои биле растргнати помеѓу борбата за сопствената слобода и права и љубовта. Книга за улогата и статусот на жените во општеството и во семејството, но и копнежот за да се најде вистинската љубов.
Приказната се случува во Англија во 1979-та година кога Анабел Арчер, ќерката на селски викар, ќе се избори да ја има честа да биде во првата група студентки на Оксфорд.
За да возврати за стипендијата, таа мора да го поддржува движењето за глас на жените и да ги придобие и мажите да се залагаат за женските права.
Главна цел ѝ е Себастијан Деверо, војводата од Монтгомери, но Анабел запаѓа во големо искушение затоа што не се знае дали ќе успее да не попушти пред неговата привлечност и шарм.
„Писатели и љубовници“ – Лили Кинг
По ненадејната смрт на нејзината мајка, Кејси Пибоди бега во Масачусетс во летото 1997-ма година без никаков детален план.
Иако во минатото била сметана за чудо од дете на теренот за голф, сега е принудена да работи како келнерка и да живее во мала соба со мувла, за да може да се издржува себеси додека работи на романот, кој го пишува веќе 6 години.
И на 31 година, таа не се откажува од сонот да води креативен живот, но се соочува со предизвици.
Како да не е доволно тоа што таа се наоѓа на преминот од една фаза во животот во друга, таа истовремено се вљубува во двајца мажи што се целосно различни.
Б. С. Б. | Црнобело