Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Би се вљубиле ли во сериски убиец? Три свежо отпечатени наслови кои уште мирисаат на мастило

И оваа недела за вас имаме нова „тура“ наслови, свежо отпечатени, што практично сè уште мирисаат на мастило. Морничав трилер за сериски убиец и неговиот неодолив шарм… дали вие ќе може да му одолеете?

Tri-svezo-otpechateni-naslovi-01.jpg

Мрачна загатка за едно убиено девојче со куса порака од 2 збора закачени на вратот: „Патувам сама“. И неверојатна семејна историја за болка, простување, тајни и разделби.

Ви посакуваме пријатно читање:

Ме сака, не ме сака – Шерон Болтон

Хамиш Вулф е шармантен, харизматичен и многу убедлив. Надалеку познат по неговата убавина и сексапил, тој секојдневно добива љубовни писма од безброј обожавателки. Хамиш исто така е осуден убиец, кој отслужува доживотна казна во затвор.

Меги Роуз е успешна адвокатка и автор на книги базирани на вистински злосторства. Повлечена и загадочна, таа прифаќа само случаи кои може да ги добие.

Хамиш е убеден дека Меги може да му помогне и дека таа е способна да му ја промени судбината. Но Меги не сака да се меша. Смета дека е имуна на шармот на еден таков маж. Но можеби овојпат ни таа не би можела да остане рамнодушна…

Tri-svezo-otpechateni-naslovi (1).jpg

Патувам сама – Самуел Бјорк

Истражителката Миа Кригер ја напушта полицијата и градскиот метеж го заменува со осамен и тивок живот на еден норвешки остров. Наскоро таму доаѓа нејзиниот стар колега, Холгер Мунк, да ја наговори да се врати на работа.

Потребна му е нејзината помош за новиот вознемирувачки случај. Во шумата е најдено безживотното тело на шестгодишно девојче, обесено со училиштен ранец на грбот. Околу вратот има закачено порака: „Патувам сама“.

Сè укажува на тоа дека убиецот ќе продолжи да убива, а истрагата на Миа нè води до постар случај кога од породилното одделение исчезнува новороденчe.

Tri-svezo-otpechateni-naslovi (2).jpg

Островот на исчезнатите дрвја – Елиф Шафак

Во 1974 г., на островот Кипар, Гркот Костас и Турчинката Дефне кришум се среќаваат во меаната Среќна смоква среде која се извишува едно дрво – сведок на војната што се разгорува на островот и на неговата поделба, кога младите се принудени да се разделат.

По дваесетина години Костас се враќа во Никозија како успешен ботаничар и ја наоѓа својата изгубена љубов. Заминуваат за Лондон, со едно гранче од старата смоква…

По 16 години, соочена со загубата на мајка си, нивната ќерка очајно трага по одговори.

А единствената врска што ја има со земјата на своите предци е смоквата во дворот и една неочекувана гостинка за новогодишните празници.

Со своите вкусни кипарски рецепти, бучен карактер и топлина, таа го извлекува семејството од зачмаеноста и ги расветлува годините на тајни, разделби и тишини.

Tri-svezo-otpechateni-naslovi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg