„Девојките на Марко“, „Двојната Лота“ - Книжевни евергрини од основно образование кои будат непроценливи сеќавања
Книгата претставува магија која ги отвора прозорците кон еден нов, сестран свет.
Таа е будител на имагинацијата, а во исто време разработува вештини, особено потребни за развојот во најраната возраст.
Еволуцијата влијае низ различни аспекти од нашите животи, па не е ни чудно што многу нешта „некогаш и денес“ – изгледаат сосема различно.
Сепак, книгата никогаш не ја губи својата вредност така што постои „палета“ на лектири позната за многубројни генерации.
И најголемиот противник на читањето лектири знае кој е „Зоки Поки“ и љубопитно се „насладувал“ во „Шеќерната приказна“ на Славко Јаневски.
Секако, низ годините оваа таканаречена „палета“ претрпувала и сѐ уште претрпува промени.
Во продолжение за вас издвоивме дел од најголемите книжевни евергрини од основно образование:
Кои сте ги прочитале?!
- „Зоки Поки“ – Оливера Николова
- „Касни-порасни“ – Петре. М. Андреевски
- „Шеќерна приказна“ – Славко Јаневски
- „Доктор Офболи“ – Корнеј Чуковски
- „Итар Пејо“ – Стале Попов
- „Орхан“ – Неџати Зекирија
- „Сон на тркала“ – Стојан Тарапуза
- „Ѕвездени перничиња“ – Славка Манева
- „Белото циганче“ – Видое Подгорец
- „Големи и мали“ – Бошко Смаќоски
- „Хајди“ – Јохана Шпири
- „Двојната Лота“ – Ерих Кестнер
- „Децата од Павловата улица“ – Ференц Молнар
- „20.000 милји под морето“ – Жил Верн
- „Девојките на Марко“ – Оливера Николова
- „Две Марии“ – Славко Јаневски
- „Малиот принц“ – Антоан де Егзипери
- „Старецот и морето“ – Ернест Хемингвеј
- „Чорбаџи Теодос“ – Васил Иљоски
- „Бели мугри“ – Кочо Рацин
Која беше вашата омилена лектира и која би ја додале на нашата листа?!
Мила М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





