Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 предлог книги кои ќе ве инспирираат на длабоко размислување

Ново издание на македонски јазик за омилениот остроумен детектив Шерлок Холмс. „Знакот На Четворицата“ целосно ќе ве обземе со дејствието, активирајќи ги вашите мозочни вијуги.

Knigi-koi-ke-ve-inspiriraat-na-dlaboko-razmisluvanje-01.jpg

Останатите две, иако жанровски многу различни, се исто така одлични книги кои ќе ве натераат на длабоко размислување и анализа:

Знакот На Четворицата – Артур Конан Дојл

Мирот на улицата Бејкер е нарушен, а пред детективот Шерлок Холмс и доктор Вотсон е нова авантура откако ги посетува г-ѓа Мери Морстен и им ги раскажува бизарните настани кои ѝ се случуваат секоја година на ист ден, десет години по убиството на нејзиниот татко.

Дејствието на романот започнува во Агра, Индија, а се пренесува низ улиците не Лондон и Темза. Шерлок Холмс и Вотсон се во луда потрага по необични убијци. Алчност, интриги, криминал и загатка, сè што им е потребно на брилијантниот Холмс и Вотсон.

Knigi-koi-ke-ve-inspiriraat-na-dlaboko-razmisluvanje (3).jpg

Невидлива жена и други раскази – Славенка Дракулиќ

Дали со староста стануваме невидливи, што се случува со нашите тела, со нашиот однос кон другите и – уште поважно, со односот на другите кон нас? Мрежите што ги плетеме цел живот одеднаш стануваат тенки и кревки.

Преку 16 раскази во оваа книга Дракулиќ раскажува за меѓучовечките односи, за релациите меѓу родителите и децата, за заминувањето, исчезнувањето, заборавањето, болеста, срамот и болката, за најдлабоките чувства за кои не се осмелуваме да зборуваме.

Knigi-koi-ke-ve-inspiriraat-na-dlaboko-razmisluvanje (1).jpg

Тегли Јордан Коцевски

Ова е книга за отфрлените, за одметнатите, за гнилежот на системот, за криминалот во сите негови нијанси, сè до најсвирепите ужаси на кои е способен човекот, за корумпираноста на институциите, за жртвите на семејното насилство, за луѓето што ја преземаат правдата во свои раце, за пријателството и за љубовта.

За сè она што треба или не треба да се чува складирано во тегли, и сето тоа раскажано со леснотија и низ многу хумор. „Тегли“ на Коцевски е освежување во домашната книжевна продукција, прво затоа што се работи за редок суб-жанр кај нас ‒ трилер и хорор, а потем и самата интригантна приказна што се развива по принципите слични на стрипот.

Knigi-koi-ke-ve-inspiriraat-na-dlaboko-razmisluvanje (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg