Три напнати, психолошки книги чиј крај нема да успеете да го погодите

Доколку сте од оние читатели кои уживаат во мистерии, го впиваат секој збор од првата до последната страница обидувајќи се за погодат што ќе се случи до крајот, навистина ќе се помачите со следните три предлози.

Tri-napnati-psihiloski-knigi-01.jpg

Три напнати, психолошки трилери со возбудливи дејствија чиј крај е предизвик за погодување. Дефинитивно треба да се најдат на вашиот список на задолжителни четива:

Некој што вреди да умре – Питер Свансон

На еден вечерен лет од Лондон до Бостон, Тед Северсон ја запознава мистериозната и привлечна Лили Кинтнер. По неколку пијалаци, можеби малку повеќе отколку што треба, двајцата практично непознати почнуваат да играат игра на кажување вистини, откривајќи интимни детали за себе.

Тед зборува за неговиот брак и неговата сопруга Миранда, бидејќи е сигурен дека таа го изневерува. Но нивната игра наскоро станува мрачна кога Тед на шега нафрла дека би можел да ја убие Миранда за тоа што му го направила. Лили пак, без размислување му вели, „Би сакала да ти помогнам“.

Tri-napnati-psihiloski-knigi (2).jpg

Сигурен ризик – Анде Јанков

Две години по враќањето од Виена, полицискиот инспектор Виктор Николов живее мирен живот во Скопје и сè повеќе се зближува со својата 9-годишна ќерка, Теона. Мирната есенска идила е нарушена едно септемвриско утро кога телото на 29-годишната новинарка Драгана Несторовска е пронајдено во багажникот од нејзиниот автомобил.

Причината за смртта е недостиг на воздух, како резултат на давење. Виктор е под притисок што побргу да го разреши случајот додека на површина излегуваат сомнителни детали од минатото на новинарката, како и одреден број на осомничени што би можеле да имаат мотив за нејзиното убиство.

Меѓу нив се и наркоманот од непосредното соседство, нејзината најдобра пријателка и повремена љубовница, но и кандидатот за претседател на претстојните претседателски избори…

Tri-napnati-psihiloski-knigi (1).jpg

Стаклениот хотел – Емили Сент Џон Мандел

Винсент работи како шанкерка во отмениот хотел „Кајет“ на најсеверната точка на островот Ванкувер. Ноќта кога го запознава Џонатан Алкаитис, маскирана силуета начкртува порака на прозорецот во фоајето: Да се наголташ срчи.

Високо над Менхетн, со години се одвива поголемо злосторство. Кога финансиската империја на Алкаитис ќе се распадне, ќе збрише неброени богатства и ќе уништи многу животи.

Исполнет со изненадувачка убавина, Стаклениот хотел е блескав портрет на лакомост и вина, љубов и заблуда, духови и неочекувани последици, и на бесконечните патишта по кои ја бараме смислата на нашите животи.

Tri-napnati-psihiloski-knigi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...
Првата поетска книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска - „Парчиња од себеси“ Деновиве од печат излезе „Парчиња од себеси“ - првата поетска книга од младата а...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg