Три секси, романтични книги кои ќе ви ги заскокоткаат сетилата оваа пролет

Вљубените во книгата никогаш не си легнуваат во кревет сами. Овојпат ви предлагаме да си „легнете“ со главните протагонисти на нашите три одлични избори.

Tri-seksi-romanticni-knigi-za-ovaa-prolet-01.jpg

Овие секси, романтични книги исполнети со адреналин, возбуда и страст дефинитивно ќе ви ги заскокоткаат сетилата, овозможувајќи ви пријатно, пролетно будење:

Во градината на ѕверот – Лејла Слимани

Пеколното секојдневие на Адел (новинарка омажена за успешен лекар, мајка на едно дете) е исполнето со лаги, долги подготовки за да организира средби и да ги задоволи своите сексуални желби, но и со фобии и опсесии, со страв дека ќе биде откриена во своите авантури и ќе го загуби сето она што го има – работата, семејството, самопочитта.

Сексуалната зависност е тема што Лејла Слимани ја пренесува мошне внимателно и со исклучителна суптилност во својот прв деби-роман.

Tri-seksi-romanticni-knigi-za-ovaa-prolet (2).jpg

Вистинскиот за мене – Кејти Еванс

Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него. Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име.

Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што таа некогаш го запознала.

Tri-seksi-romanticni-knigi-za-ovaa-prolet (1).jpg

Последниот бакнеж – Лорелин Пејџ

Емили Вејборн реши. Вистина е дека не може да му верува на убавиот и опасен Рив Салис, но тој е единствениот што ѝ овозможува тоа што ѝ е потребно. Со Рив, таа конечно може да биде она што е. Препуштањето на тој човек е единственото место што ја држи закотвена додека целиот живот ѝ се распаѓа.

Но, сопственикот на хотели е мајстор за чување тајни. Иако таа ја продолжува потрагата по одговори, некој дава сè од себе за да не ги дознае.

Tri-seksi-romanticni-knigi-za-ovaa-prolet (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg